imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12 сугерира дека пристигнува iPad со Face ID


Во последно време се шират вести за воведување на Face ID на iPad Pro. Сега нови информации потекнуваат од изворниот код на iOS 12 и речиси е сигурно дека оваа функција ќе ја видиме порано отколку подоцна.

Steve Troughon-Smith, еден од глвните ликови на минатогодишната сага на “протекување на информации од изворниот код”, забележа дека во најновата бета верзија на iOS 12 се ажурирани AvatarKit, Animoji и Memoji, како и нивната платформа наменета за програмерите. Отсега натаму, iPad уредите од сите големини ќе ја имаат поддршката за овие функции.

Објаснување – за да можат да се употребуваат овие функции, потребни се TrueDepth камера и систем на сензори (кои се нужни за идентификација на лицето и моментно достапни само на iPhone X). Поради тоа ќе бидеме доволно храбри и ќе кажеме на глас дека Face ID порано или подоцна ќе биде достапен и на уредите со екрани какви што имаат iPad уредите.

Секако, ова откритие не е некое големо изненадување, бидејќи за нешто слично пишувавме уште пред осум месеци (а последно лице кое ги потврди информациите е Ming-Chi Kuo). Скоро сигурно можеме да кажеме дека ова е официјална потврда, бидејќи информациите се темелат на официјалниот изворен код на iOS 12.

Иако многумина се сомневаа во можноста за iPad Pro со Face ID, се чини дека Apple гледа потенцијал во таа идеја.

Што се однесува до официјалниот датум на лансирање, не знаеме многу, а Kuo предвидува дека ќе се појави во втората половина на оваа година, што звучи прилично реалистично. Можеби овие нови iPad Pro уреди ќе бидат претставени со новите iPhone модели во септември.

Извор: AppleInsider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!