imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS бета откри како би можел да изгледа новиот iPad Pro


Ќе има еден монументален екран без никаква површина за сензори или Home копче. Сето тоа се дозна од една од иконите на најновата бета верзија на iOS 12, па можеме да им веруваме на тие инфромации.

Петтата бета верзија на iOS 12 како да е полна со гласини. Освен информациите за iPhone со Dual SIM, новата кутија за полнење на AirPods и HomePod со опција за повици, сега ги откри и премиерните функции на претстојниот iPad.

Како што е потврдено претходно, новиот iPad Pro би можел да пристигне со екран како оној на iPhone X и Face ID. Рендерирани се многу фотографии на таа тема, и веќе некое време сите зборуваат за тоа.

Сите нагаѓања ги прекина најновата бета верзија на iOS 12, а за тоа е одговорна оваа икона:

Така е, од десната страна јасно се гледа iPad со значајно потенки рамки на екранот и без Home копче. Најинтересно е дека нема засек, од што може да се насети дека успеале да ги сместат сите потребни сензори под екранот.

Накратко, новиот iPad Pro би можел да пристигне без Home копче и засек, со еден монументален екран. Ако успеат да ги намалат рамките за да можеме овој уред секојдневно да го користиме, тоа би било одлично.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.