imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

iPad mini (2019) – Кралот на својот вид се врати!


Apple ја претстави 4. генерација на iPad mini во есента 2015. година, една година по промоцијата на неговиот претходник. Сепак, по објавата на производот следуваше невообичаено голема пауза, најмалиот таблет на Apple не доби надградба и навистина верувавме дека ќе биде исфрлен од линијата таблет уреди. Поради тоа, многу корисници се обидоа да го искористат неговиот долг животен циклус и го користеа нивниот сакан iPad mini до ден денешен.

Објавувањето на iPad mini во рамките на неколку дневните ажурирања, една недела пред Keynote презентацијата, предизвика задоволство за корисниците, а беше и големо изненадување за професионалците. Главниот предизвик во пишувањето рецензија за овој производ е да се разбере која е целната публика и кои се алтернативите со кои треба да го споредиме овој таблет.

Ист дизајн

Производот пристигна во исто време со надградениот iPad Air и двата производа се практично идентични, и единствената разлика меѓу нив е големината. Покрај тоа, верзијата од 2019-та има сличност со дизајнот на iPad mini 4: висината, ширината и дебелина се исти; покрај тоа, рамката, Home копчето и Touch ID останаа, што го прави производот исто толку интуитивен каков што беше порано.

Всушност, тежината од 300 грама е идентична (би било глупаво да се расправаме за неколку грама, поентата е дека е екстремно лесen). Боите останаа исти: корисниците можат да купуваат сребрени, вселенски сиви и златни изданија. Јас би потрошил повеќе зборови за дизајнот – вистината е, ништо не се промени. Оние кои имаа среќа да го имаат претходниот модел во свои раце, навистина нема да ја видат разликата, доколку екранот е исклучен.

Попаметен екран

Спротивно на тоа, разликата дефинитивно може да се забележи ако некој го набљудува екранот со бела позадина. Иако најновиот iPad mini не го доби OLED дисплејот на водечките модели на iPhone или Liquid Retina на iPad Pro, екранот е многу сличен на претходниот модел, но овој пат во ламинирано издание. LCD екранот има стапка на освежување од 60Hz во споредба со 120Hz на iPad Pro. Вториот навистина обезбедува мазно чувство кога скролате на него, но во случајот на iPad мини не може да се почувствува дека недостасува и воопшто не е бавно.

Сепак, True Tone совршено работи на него, што е посебно забележливо ноќно време, и навистина се работи за сакана функција. На некои луѓе овој ефект им пречи, додека некои само навистина го обожуваат.

Исто така, пристигна поддршка за Apple Pencil, што навистина ги проширува можностите на неговото користење. Компатибилен е со првата генерација на Apple Pencil, така што се уште малку заостанува во споредба со iPad Pro. Сепак, ова исто така значи дека има поддршка за Logitech Crayon, што веројатно е поекономично решение.

Сè на сè, она што можеме да го кажеме за надворешноста е дека добивме прилично пристојно ажурирање. Од една страна, некои функции што пристигнаа на производот би можеле да бидат познати од iPhone уредите, но Apple посвети внимание за да ги оддели трите таблети од пониска категорија (iPad mini, iPad 6 и iPad Air) од двата iPad Pro модела. (Ако не го стореа тоа, iPad Pro од 2018 година ќе ja загубеа својата вредност).

Опремен за иднината

Меѓутоа, по пристојната надградба однадвор, очекуваме поголеми промени одвнатре. Би се осмелил да кажам дека нема да бидеме разочарани. A12 Bionic чипот вграден во iPad mini е истиот оној на кој работи iPhone XS Max. Тешко ми е многу да зборувам за оваа тема, но додека го користев новиот таблет, можев да почувствувам дека е помоќен од претходникот, баш како што iPhone XS Max е побрз од iPhone X.

Перформансите се и повеќе од солидни и доаѓаат со одлична гаранција: уредот без проблеми ќе може да се користи следните три до пет години, баш како и неговите претходници. Кога се во прашање секојдневните задачи како пребарување на интернет, корисниците нема така брзо да се жалат.

Во случајот проширената реалност да стане подоминантна на пазарот, тоа нема да биде проблем за мини. Испробав некои игри на него и работеа беспрекорно. Исто така, уредот не се загреа по 20 минути тестиирање.

Никогаш немавме причини да се жалиме на батериите во iPad уредите, а истото вреди и за mini: моравме да поминеме повеќе ноќи со уредот за целосно да му ја испразниме батеријата.

Mini таблет? За кого?

Кога почнав да го тестирам iPad mini, знаев што да очекувам. Меѓутоа, уште на почетокот на текстот истакнав дека најголем предизвик во пишувањето на оваа рецензија беше да се сфати во каков однос е овој уред со другите во линијата производи, која е неговата главна намена и кому би му го препорачал во 2019. година. Тоа се теми за кои се исплати поподробно да се размисли.

Во денешно време на пазарот на мини таблети нема гужва. Практично само еден производител ги продава овие уреди во позначаен обем – се работи за Apple и за iPad mini. Тој податок го објаснува и насловот на самиот текст.

Исто така, мислам дека е погрешно да се споредуваат iPad mini и iPad Air – овие два уреда се претставени во исто време, но тука престанува секоја сличност. Би рекол дека главната конкуренција на iPad mini е шестата генерација на iPad претставена минатата година по поповолна цена. И со тој уред можете да го употребувате Apple Pencil.

Иако тој iPad е поголем, тоа не му е нужно предност. Некои луѓе преферираат помали екрани. Поевтин е, но затоа има и послаб хардвер. Секако, тоа не се чувствува во толкава мерка, бидејќи двата уреда одлично работат. Меѓутоа, цената на iPad и натаму е висока бидејќи се подразбира дека ќе можеме да го користиме повеќе години. Од друга страна, iPad mini сигурно ќе ја надживее шестата генерација на iPad. Кога ќе се стават еден покрај друг, екраните изгледаат целосно поинаку. Тешко е точно да се одреди во што е разликата, а прашањето кој е подобар е целосно субјективно.

Врз основа на сите овие информации, тешко е да се донесе пресуда и во поголем дел од случаите одлуката ќе се сведува на личните преференци на секој корисник. Најдобро е да фрлите око на нашата интернет продавница и сами да одлучите дали ви се допаѓа поголем или помал екран, и која цена ви е попривлечна.

Тогаш, кому би му го препорачал iPad mini? Тоа е тешко прашање. Би можел да биде добар за корисниците кои носат помали торби, а секогаш сакаат да имаат таблет со себе, или пак за родителите кои сакаат да ги воведат своите деца во светот на технологијата. Една група корисници е сосема јасна – бившите сопственици на iPad mini!

Немам поим колкава група обожаватели може да собере iPad mini. Меѓутоа, врз основа на неговите спецификации, рецензијата и неколкуте денови тестирање, топло би им препорачал на бившите корисници да се префрлат на оваа нова верзија и да се опремат со мини таблет, кој без проблеми ќе преживее уште четири години.

Имам добри вести за сите кои се препознавате во горниот опис: iPad mini е достапен за преднарачка во iSTYLE.

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.