imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iPhone 2018: 4 GB RAM, 10% побрз процесор


Алатката која го покренува iOS 12, со коден број од непознато потекло и одлични спецификации, неодамна почна да се појавува помеѓу benchmark тестовите на Geekbench. Можно е да се работи за идниот iPhone…

Ова не е прв пат спецификациите на некој уште непретставен уред прерано да бидат откриени на benchmark тестовите. На 27. јуни, помеѓу резултатите на програмата на Geekbench се појави уред кој работи на iOS 12, означен со број на модел iPhone 11.2, па многу веројатно се работи за некој од моделите на iPhone, чие лансирање го очекуваме во септември.

Според гласините, не само што новиот процесор на Apple, А12 е прв на светот со 7 nm чворови, туку ќе има и шест јадра. Тоа значи дека ќе биде поробусен од актуелниот A11 Bionic. Па, според benchmark-от, споменатиот уред има процесор со шест јадра и оствари подобри резултати од iPhone X. Што би можело тоа да биде?

Резултатот на овој непознат уред на едно јадро порасна на 4673, а на повеќето јадра дури на 10912 поени. Во споредба, iPhone X освои 4206 поени на едно, и 10.128 поени на повеќе јадра. Затоа можеме да говориме за пораст од околу 10 проценти во поглед на сировата сила. А перформансите на iPhone X се далеку од слаби.

Исто така, можно е GPU да е резултат на посериозен развој, бидејќи резултатите за Metal пораснаа од 15.234 поени за iPhone X на 21.691 поен за новиот уред. Уште поинтересен факт е дека овој непознат iPhone 11.2 уред влезе во битката со 4 GB RAM, што е повеќе од iPhone X.

Врз основа на сето ова, можеме да го заклучиме следното: можно е да е тестиран еден од OLED моделите, бидејќи на темел на информациите на Ming-Chi Kuо сите три модели кои ги очекуваме оваа година ќе пристигнат со А12 процесорот. Поевтината верзија со LCD екран останува на 3 GB RAM, додека наследникот на iPhone X и неговиот Plus брат ќе имаат 4 GB.

Секако, не е невозможно да се лажираат Geekbench резултатите, па не можеме да биде сто проценти сигурни дека ги гледаме вистинските информации. Сепак, John Poole, основачот на Geekbench, верува дека нема ништо лажно меѓу овие бројки.

Со оглед на тоа дека A11 Bionic чипот можеше да се носи со MacBook Pro во сирова сила, веројатно брзината на новите iPhone уреди нема да биде на мета на критиките…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!