imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

iPhone 2019 едноставно не може да изгледа вака лошо


Но, технологијата која е видлива на приказите е реална и вистинита. Времето за задни камери со 3D мапирање би можело да пристигне?

Иако iPhone 2019 моментно е во тн. engineering validation testing (EVT) фаза, OnLeaks и digit.in тврдат дека имаат информации за новите модели.

Подобро да останеме резервирани со овие информации, дури и ако се вистинити, телефоните се наоѓаат во EVT фаза, и лесно можат да се менуваат. Врз основа на нашите сознанија, Apple ќе употреби нова “time of flight” (ToF) технологија за камерата.

Таа со помош на светлосната рефлексија овозможува 3D мапирање на околината. Додека FaceID користи идентична VCSEL технологија, само на мала оддалеченост, ToF би се користел за поголеми пространства. Употребата би била корисна на полето на AR и VR технологијата, додека автофокусот би бил уште попрецизен и поефикасен.

Основата на сето горенаведено се гласини, а за беспрекорно функционирање на 3D мапирањето неопходна е и трета камера. Она што сигурно го знаеме е дека Jony Ive во ниту еден случај нема да допушти новиот iPhone да биде вака грд и асиметричен, но сликите ќе служат за илустрација.

Извор: Applelnsider

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.