imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iPhone 5G уредите се одложени од стратешки причини


Според извештајот на Bloomberg, следната година нема да има iPhone кој ја поддржува идната генерација на мобилни мрежи на податоци. Дури ни доколку ги имаат конкурентите. А Apple има добра причина за тоа.

Изворите на Bloomberg и Mark Gurman тврдат дека баш како и во случајот на претходните генерации, компанијата ќе ја одложи поддршката за 5G податочни мрежи.

Како и со 3G и 4G, двете претходни генерации мобилна технологија, Apple ќе чека една година по почетната омплементација на новите мрежи, пред нивниот главен производ да добие можност да им пристапи, наведоа изворите кои сакаа да останат анонимни.

Како што наведува Bloomberg, тоа е затоа што Apple смета дека првите обиди за поддржување на 5G мрежите ќе имаат многу почетни проблеми. А во Купертино не веруваат во тоа да бидат први, туку да бидат најдобри на пазарот.

Меѓутоа, приказната не е толку едноставна. 5G наскоро би можел да биде клучот на трката на мобилниот пазар. Оние кои се за 5G велат дека оваа технологија би можела да значи огромен чекор напред. Толку огромен што би можела да биде причина префрлањето на поновите уреди. Пропуштањето на оваа шанса би им дало водство на другите производители, што е прилично голем ризик кој Apple не може да си го допушти.

Други извори тврдат дека Apple нема да ги надгради своите уреди, затоа што немаат соодветен снабдувач за 5G чипови. Се уште не ги решија своите проблеми со Qualcomm, кој е некрунисан крал на тоа подрачје на технологијата. Помеѓу останатите производители, постојат само неколку кои би можеле да ги пружат деловите, како Samsung и Huawei, но тие се конкуренти на Apple. Поради тоа, на Apple му преостанува Intel, но тие не можат да ги послужат милионите iPhone уреди.

Според мое мислење, Apple не би требало да брза. Во 2019. година ќе има само неколку даватели на услуги, кои ќе ги поддржуваат 5G мрежите, така што 5G чипот нема да биде задолжителен во паметните телефони.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.