imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

iPhone 7 во наши раце – ТЕСТ


Оваа година, точно после првиот бран, во Македонија може да се набави iPhone 7 и iPhone 7 Plus. Нормално и ние ги чекавме нашите уреди и како и секогаш ги тестиравме. Ќе почнеме со iPhone 7, но наскоро ќе можете да прочитате и за iPhone 7 Plus.

Некаде во мај почнаа да стигаат новости за iPhone 7, но со разочарување констатиравме дека нема да има драстични новини. Кога дојде денот за претставување на iPhone 7, почнавме да се надеваме, а кога беше конечно претставен, скокнавме како деца кои долго го чекаат својот поклон.

Дизајн

Нема тука ништо посебно да се види, би рекол еден површен посматрач, но iPhone сега е таков каков што требаше да биде пред две години.

Дизајнот е драстично променет во споредба со првиот iPhone. После првиот телефон кој беше во облик на компирче, стигнаа iPhone телефони од вештачки материјали во облик на држач за сапун, па потоа со стакло и за на крај да добие алуминиумско куќиште. После iPhone 6 нема некои радикални новини во дизајнот но можеби следната година би биле.

Линиите се конечно на своето место. Како што претходно имам пишувано во своите текстови, лично ги мразев линиите на iPhone 6 & 6s. Искрено добар дизајн, но не секогаш премногу искреност не е најдобар начин. Антената на iPhone 7 конечно не го грди куќиштето, туку фино ја прати горната и долната ивица на телефнот, а задната страна комплетно не го попрекува добро познатиот заден дел од телефонот со јаболчето во средина. Кога станува збор за камерата и таа го доби своето место и повеќе не е само залепена, конечно е во симетрија со заоблените ќошиња на уредот, како што и бевме навикнати во времето на Стив Џобс. Со изоставувањето на jack приклучокот во долниот дел на iPhone 7 тој стана симетричен, и само поради тоа вредеше да се исфрли, но на таа тема подоцна. Ситница но пажлив посматрач би приметил дека вдлабнатоста кај копчињата за звук ја снема. Со сегашниот изглед тоа би била неприметна разлика, но поради оваа промена куќиштето стана многу по цврсто, во спротивно ова беше слаба точка на iPhone 6 & 6s.

Добивме и две нови бои, но една по една. Space Gray повеќе не е сива туку црна. На фотографиите можеби и не се гледа навистина колку бојата е црна, но верувајте навистина дека црната нијанса е навистина многу темна. Ако сакате да замислите легнете во кревет ставете го прекривачот преку глава и замижете. Ете толку е црна и навистина многу добро изгледа. Ќе ви откријам дека според нарачките во iStyle оваа боја е најпопуларна. Лево е новата нијанса на црно, а од десно старата нијанса на iPhone 6 & 6s.

IMG_19731-1024x576@2x

Другата боја е Jet Black, или космос црна боја. Иако доставата на оваа боја во друѓите региони беше отежната мораме да се пофалиме дека фамозниот Jet Black сепак стигна кај нас.

Називот Jet Black можеби и не е толку оригинален, јас би го именувал како црна лак боја, бидејќи е толку сјајна како на пример сјајот кој го поседува клавирот. А космосот навистина е црн, но нема сјај. Морам да признаам признаам дека јас ја избрав точно оваа боја, но со извесна доза на резерва. Зошто? Затоа што оваква сјајно црна боја може лесно да се изгребе. Нормално го знаев ова од претходно, бидејќи оваков вид на гребнатини можат да се видат на сјаен црн автомобил, и покрај тоа што автомобилот не го влечете по маса и не можете да го ставите во својот џеп до клучевите и други ситници. Знаев однапред дека сум избрал незгодна боја, но помислив, ќе внимавам на него. Можеби ќе зажалам после шест месеци но и не ми е гајле бидејки Jet Black iPhone изгледа премногу добро. Нормално вкусовите се различни, но мене ми изгледа толку добро сјајната црна боја, поради тоа што куќиштето се толку добро вклопува со екранот како да е комплетно направен од ист материјал. Кога ќе го ставете на црна гарнитура и погледнете во него, едниствено по што можете да приметете на која страна е завртен е доколку го видете логото на задниот дел од телефонот.

IMG_0047

Ако го изгребете, што потоа? Тоа е предмет за секојневно користење. Како што B&O PLAY го рекламираат моделот A1: Една гребнатина повеќе, па што, нема да ги носиме заштитени, туку ќе ги користиме и допираме. И за инает нема го носам во футрола, иако Apple скренува внимание на гребнатините и препорачува користење на футрола. Добра вест: ако изберете Jet Black, поради многубројните отисоци од прстите кои се гледаат на сјајната површина, нема ни да ги забележите гребнатините. Во секој случај, доколку на некој му сметаат оштетувањата, нека избере iPhone во некоја друга боја, која е многу по отпорна на физичките оштетувања.

iphone7_karcolas

Водата повеќе не е Ваш непријател

Еден од најголемите новитети кај iPhone 7 е тоа што тој е водотпорен. Но добро не до тај степен водоотпорен, но отпорен на прашина и прскање, со иницијатива дека IP67 може да издржи пола саат во длабочина од 1 метар, а притоа да не влезе вода во него. Тоа е што купувачите го бараа, а Apple го направи. Најверојатно затоа оваа година ќе биде со рекордна продажба, под услов Apple да успее да произведе доволна количина.

Од неколку не разбирливи причини, на купувачите водоотпорноста на нивните уреди им е како Светиот Грал. Од кога конкуренцијата почна да произведува водоотпорни уреди и iPhone корисниците почнаа да го бараат истото. Нормално дека ни Android уредите не поднесуваат подобро вода, дури ни со нив не можете на нуркате – постои можност само уредот да пропадне, ако го испуштите во када или WC шолја. Ако го испуштете во сред Вардар, нормално дека ќе потоне како камен и никогаш нема да го пронајдете. (Автоматски балон на надувување во iPhone!!!)

FullSizeRender-copy.jpg-1024x577@2x

Беше Jack, нема Jack

Оваа година, во повеќето од нашите статии се занимававме со темата зошто Apple јго укина 3.5mm конектор. Ни пристигнаа десетици коментари на оваа тема и се испостави дека повеќето сакаат да го полнат телефонот додека слушаат музика. Но со iPhone 7 нема да биде лесно како досега, затоа што, како што повеќето од Вас знаат, Епл ја укина оваа порта на iPhone-от. Наместо тоа, како што веќе споменав, долниот дел на iPhone-от стана симетричен, а во кутијата, ние добивме мобилен телефон со Lightning конектор и еден Lightning до 3.5 милиметарски приклучок.

Не сакам да детално да коментирам дале е тоа добра одлука или не. Кратко кажано, за мене е добра одлука. Ќе кажете дека јас морам тоа да го кажам, бидејќи нормално, јас продавам, но јас навистина мислам така. Многу се незадоволни со недостаток на безжично полнење. Зошто е проблем тогаш ако во иднина се користат безжични слушалки? Добро, знам, бидејќи тие треба да се полнат. Но, бидејќи нема да ги замрсуваш каблите во џебот и iPhone-от нема да се повлече од масат и да падне. А да не зборуваме за квалитет. Поточно, 99% од луѓето слушаат компресирана музика, па е сеедно преку што ќе го слушате неквалитетниот звук на mp3. Подобро е да ја замислиме иднината. Другите производители (како што обично е) ќе го следат примерот на Apple, ќе пристигнат брутално квалитетни и современи безжични слушалки, а идните генерации најверојатно нема да знаат што да 3.5mm приклучок, како што дури и не знаат што флопи дискета.

IMG_0043

Екран

Но, добро, повторно да го свртиме iPhone-от. Не, не стана OLED, ниту се зголеми екранот, но сепак, не останавме без новитети. Не баш такви, да екранот на iPhone 7 да може да се мери со Galaxy S7, макар не според најновите тестови на DisplayMate. Практично, само црната боја не е толку добра, но по се останато ја победува конкуренцијата. Повеќето, нема да ја приметат разликата со 6 или со 6s, иако по мене промените се очигледни. Човечкото око брзо се навикнува на сликата, но екранот на iPhone 7 е многу подобар. 25% е поостра сликата, има поширок спектар на бои и боите се дури и подобри. Точно, не ги забележувате овие подобрувања веднаш, но само откако ќе го користите iPhone 7, па да ги погледнете екраните на претходните модели на iPhone. Во секој случај, според мене, подобрувања на екранот една од најзначајните промени на iPhone 7. Од кога користам iPhone 7, неколку пати јас забележав колку се поубави фотографиите, но тоа е, се разбира, и благодарение на камерата.

IMG_0040

Home Button

Кога некој гледа во 7 iPhone нема да забележи дека, всушност, нема Home копче. Односно, постои и сега, но не и како што сме навикнати, туку како мала направа наречена Taptic мотор. Истото може да се најде, на пример. под touchpad-от на MacBook и овој мал уред ни дава чувство дека навистина го притискаме копчето. Првично чувството е необично, без оглед на тоа што ние можеме да ја подесиме реакцијата на Taptic моторот. Малку е поразлично чувството отколку стандардното притискање на старото Home копче. Но, затоа се изостави проблемот на различно кликање на Home копчето кај два различни iPhone-и. На некои iPhone-и звукот на home копче-то бешее многу гласен и за тоа ми требаше некое време да се навикнам, но тоа е минато. Исто така, поради вотоотпорноста, има уште една помала дупка на iPhone-от. Home копчето стана симбол за идните генерации на iPhone.

Unknown-13

Благодарение на Taptic Engine-от ние добиваме повратна информација, како на пример кога го враќаме Notification Bar-от нагоре, добиваме мали вибрации од iPhone-от. Оваа функција е вградена и за некои други работи, но оставам да окриете самите.

Брзина

Секоја година се повторува дека не постои потреба за побрз паметен телефон, и кога ќе почнеме да го користиме најновиот модел можеме да видиме дека добредојдена ни е брзината. Ниту со iPhone 7 не се разликува тоа. Дознавме дури и пред претставувањето на iPhone 7, дека е најбрзиот телефон во светот. Тој нè изненади со quad core A10 Fusion чип на кој има две помали и послаби јадро и две појаки. Ако ние не правиме нешто со iPhone, отколку вообичаените операции, како што се испраќање на e-mail, iMessage, или да стримуваме музика во позадина, ќе работат само двете помали јадра со ниска потрошувачка на енергија. Но, ако почнеме со работење на некои потешки програми, задачата ја преземаат двете посилни јадра. Ова во пракса се случува беспрекорно.
Инаку, iPhone 7 е 35% побрз од 6s и за два пати побрз од iPhone 6. Брзина е забележлива, во однос на 6s, а во однос на iPhone 6 е навистина голема разлика. Што се однесува до брзината сум 1.000% сигурен дека никој не би се противел на iPhone 7, особено не оние што ќе го заменат постариот модел за него.

IMG_1988

Траење на батеријата

Благодарение на гореспоменатиот quad-core процесор и напредната потрошувачка на енергија, подобрен е животниот век на батеријата. Не баш два дена, но забележливо. Apple обично ветува уште 2 часа, што значи 20% повеќе. Кај мене, на iPhone 6s , до вечерта, батеријата беше на 40-50%, а кај iPhone 7 батеријата беше на ист процент, освен што го користам многу повеќе. Кога ќе добиеме нова играчка, во почетокот многу повеќе ја користиме. Секако дека ќе има и такви на кои што батеријата на 7 iPhone ќе им трае кратко, па ќе треба да ја полнат батеријата во текот на денот, но едно е сигурно, Apple не не излажаа, навистина го користиме уредот за едно полнење повеќе.

IMG_00361

Меморија

Најдобро решение од гледна точка на маркетинг и потрошувачите, веднаш после отпорност на вода, е да се прекине моделот од 16GB. Apple конечно почна да продава модели со минимален капацитет од 32GB. Овој чекор беше потребен, иако минатата година купувачите можеа да набават моделс со 64GB – оние кои купиле поповолен модел од 16GB, наскоро би имале проблем со недостаток на меморија и во овој случај, Apple доби незадоволни корисници. 7 iPhone сега доаѓа во верзии на 32-128-256GB. За многумина,32GB и 128GB е доволно. 256GB може да биде неопходно за позахтевните корисници. Важно е да се знае дека Jet Black iPhone 7 не се прави со меморија од 32GB, туку само со капацитет од 128 или 256GB. Со еден збор, за моделите од 16GB, сега за истата цена ќе добиете двојно повеќе.

Звук

Можеби изгледа како мала работа, но јас ќе ги споменам, стерео звучниците. Најверојатно на многумина не им е грижа дали во толку мал уред, има стерео или моно звучник. Сигурно е дека може да се живее без стерео звук кога станува збор за телефон, но сметам дека е важно дека Apple се разви и во оваа област. iPad доби четири звучници, што навистина значи многу. Кога слушам Podcast на тераса, го носам со себе iPad-от, а не лаптопот, едноставно затоа што на iPad звукот е многу појак и посилен. Сега е совршен звукот на iPhone, исто како и на iPad.
Мора да сте биле во ситуација кога сте сакате на некој да пуштите видео во галама, па сте направиле нешто со дланките, налик на труба, држејќи го вашиот iPhone за другите луѓе да може да го слушна звукот. Сега iPhone 7 има помошен звучник над екранот, кој овозможува дури и посилен звук. Но, не очекувајте чудо. Сепак звукот на iPhone 7 е далеку поквалитетен.

Камера

Камерата јас намерно ја оставив за на крајот, бидејќи е една од најважните функции на денешните smartphone-и. Не треба да ве потсетам колку денес луѓето го користат телефонот за да се фотографираат – една милијарда фотографии се направени во текот на денот, а камерата на iPhone-от е најпопуларниот во светот. Многумина веруваат дека полека ќе влезе во трката со DSLR фото апарати, додека пак противниците на тоа мислење, со потсмев ја коментираат оваа споредба. Јас сум некаде во средината. DSLR квалитет на камерата не може да се спореди со iPhone-от. Најмногу поради фактот што на iPhone има мали отвори за леќите, а на DSLR апаратите има огромни отвори за леќите.

Но! Најдобра камера е онаа што ја имате во рака, вели една стара поговорка која сепак секогаш ќе биде валидна. А iPhone е секогаш таму некаде во вашиот џеб или во вашата рака. Не заборавајте дека фотографијата обично се става на социјалните мрежи во мали резолуции, речиси никој не работи со висок квалитет, како на пример на Инстаграм. Речиси никој не ја гледа разликата помеѓу фотографии со DSLR фото апарат или фотографија направена од еден мобилен телефон. Само можеби, ако фотографиите се направени од експерт. Јас некаде во мај го продадов својот фотоапарат Canon 5D, делумно и заради финансиски причини, делумно поради тоа што не го користам повеќе. Се што сакав фотографирав со iPhone. Јас едноставно не се чувствував удобно по целиот ден да го влечам фото апаратот во торба.

По овој долг вовед, да се навратиме и до камерата на iPhone. Нема драстични промени, но има доволно само за да бидат задоволителни. iPhone 7 со бленда f / 1.8 и шестоделен објектив, оптички стабилизатор и плус напреден сензор со што се овозможува поширок спектар на бои. Блицот, исто така подобрен со 4 мали LED светла – осветлувањето е зголемено за 50%. Овие податоци нема да значи ништо за многумина, па ние ќе погледнеме малку подетално, што всушност добиваме. Благодарение на f / 1.8 објектив, камерата може да фати повеќе светлина, што значи дека ќе се подобри фотографирањето во полумрак. Оптичкиот стабилизатор на слика можеше да се најде само во Плус моделите на iPhone, каде што е многу корисен, бидејќи можете во многу ниска светлост да добиете одлични слики. Се разбира, мачка, дете или спортски автомобил ќе продолжи да се заматува кога нема да има доволно светлина, но барем ќе се избегне ефектот на тресење на раката. Овие две новини ни овозможуваат фотографии какви што претходно не беа можни.

Сето ова звучи добро, но што од ова се гледа во пракса. Напредната камера се разбира, нема од секој магично да направи профи фотограф, а ниту професионалните фотографи нема да ја фрлат милионската опрема и да ја заменат со iPhone. За влакно заостанува зад Samsung Galaxy S7, но боите се многу повеќе фокусирани. Во споредба со iPhone 6s, кој правеше многу убави слики, а да не ги споменуваме и претходните модели, iPhone 7 има сериозна предност. Сликите се со поубава боја, не се матни и светлината е подобра. Според сликата можете да забележите, иако мачката беше многу нестрплива.

adon1-1024x546@2x

Не само во темнина, туку и во светлината iPhone 7 е подобар. На долната слика можете да ја забележите разликата помеѓу фотографиите сликани со iPhone 6s и iPhone 7.

i7_6s-1024x257@2x

Тој што и досега има правено лоши фотографии, нема да му помогне ниту iPhone 7, а оној кој има чувство за фотографија, ќе ги цени можностите што ги нуди iPhone 7. Повеќето корисници ќе бидат среќни за предната камера, што прави многу подобри фотографии. За сите што сакаат да прават селфи, ќе им се допадне предната камера.

szelfi

Претиснете тука како би го купиле својот iPhone 7.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!