imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iPhone уредите би можеле да предупредуваат на спам повици


Благодарение на новиот патент на Apple, корисниците во иднина би можеле да спречат примање на телефонски повици од непознати и несакани повикувачи.

Спамовите не се само феномен на електронската пошта, туку лесно можат да се појават и во облик на телефонски повици. Веројатно сите сте се нашле во таква ситуација. За жал, иако нашата е-пошта е опремена со софистицирани програми за филѕтрирање, се уште немаме добро решение за телефоните, без разлика дали се фиксни или мобилни.

Но, на Apple сега му е одобрен нов патент, односно технологија која би можело да ја промени оваа ситуација. Според описот, овој систем би ги анализирал техничките податоци на дојдовните повици за да научи како да разликува легитимни од несаканите, спам повици. Во случајот на овие вторите, телефонот би можел да го предупреди корисникот како повик да прими и корисникот би одлучил дали сака да се јави или не.

Всушност, Apple осетно заостанува зад конкуренцијата во овој поглед. На пример, Google успеа да дојде до точка корисникот да може да го проследи несаканиот повик до својата дигитална асистентка (сепак, оваа опција е достапна само на англиски). Значи, помошничката одговара на повикот, се претставува и го бара повикувачот да се претстави и да каже зошто повикува. Корисниците не треба да учествуваат во тој разговор, но можат да го читаат неговиот препис, кој настанува во реално време. Врз основа на него можат да одлучат дали сакаат да му се придружат на разговорот или не.

Иако овој патент не оди во тој правец, барем би не довел чекор поблиску до конечно решавање на ова прашање.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.