imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iPhone X, камен темелник на иднината на Apple


Дали направија револуционерен уред? И не баш. Дали Купертино создаде беспрекорен телефон? Никако. Дали iPhone X ќе ја одреди иднината на Apple во следните неколку години? Дефинитивно да. Еве што мисли за тоа John Gruber.

John Gruber е еден од оние новинари кои навистина седат до оган. Кога се работи за приватните извори, се кладиме дека тој е меѓу нив. Кога треба да се тестираат AirPods, кои толку доцнат, тој ќе ги има во својот џеб неколку недели пред нивното лансирање и така натаму. Поради тоа, не е случајност што ги сакаме неговите зборови и сега ги претставуваме неговите мисли за iPhone X и неговото значење.

Колку е попопуларна компјутерската платфрома, толку е поголем теснецот во кој ќе се најде – започнува Gruber. Платфромата можеме да ја сметаме завршена кога ќе престанат да ја развиваат. Во спротивно ќе ви требаат постојани промени и развои за да останете релевантни. Ако овие промени тргнат во непознат правец, тоа многу лесно може да ја налути корисничката наза. Помалите надградби кои не донесуваат поголеми промени, туку ги поправаат моментните функции можат да резултираат со сложен, но неуреден и тежок завршеток.

Благодарение на овој парадокс, популарните производители можат да се пронајдат во лоша ситуација. Постои потреба за развој, но немаат излез. Би требало да бидат конзервативни, но и иновативни во исто време, за тоа навистина не е едноставна работа. Би требало да се откажат од едното или другото.

Според мислењето на Gruber, Apple проба да реши сличен проблем со iPhone X и се чини дека беа успешни во тоа. iPhone X ја редизајнираше целата платформа, така што неговата промена не направи било каква штета на постоечките, како и на новите корисници.

Ако ги погледнеме пресвртниците во развојот на iPhone во минатата деценија, можеме да видиме дека имаше промени во концептот кои беа изградени една на друга:

  • iPhone 4 (2010): ретина екран.
  • iPhone 5 (2012): промена на односот од 3:2 на 16:9.
  • iPhone 5S (2013): Touch ID.
  • iOS 7 (2013): Козметички reboot на корисничкиот интерфејс.
  • iPhone 6 i 6 Plus (2014): поголеми екрани.

Сето тоа биле еволуциски чекори во историјата на iPhone. Од овие линеарни чекори, јасно можете да го видите развојот на платфромата од излегувањето на првиот iPhone во 2007. година, па до денешните iPhone 8 и iPad Pro.

Секој чекор имаше концепт кој цело време остануваше ист: уредот кој го покренува iOS имаше релативно голем екран на допир и Home копче за интеракција со корисниците. Воведувањето на Touch ID беше само глазурата на сите постоечки опции и функции.

Во споредба со тоа, iPhone X донесе голема промена. Дури и поголема од промената која iPad ја донесе во iPhone, бидејќи концептот на екран на допир и Home копче остана ист. Отстранувањето на Home копчето на iPhone X донесе прилично радикална промена, претставувајќи нова парадигма. Да погледнеме што би можело тоа да значи.

Претходно, Home копчето беше јадрото на сите интеракции. Помагаше при излегувањето или префрлањето помеѓу апликациите. Пред претставувањето на Touch ID, на него се наоѓаше мал бел квадрат (икона на празна апликација).

  • Еден клик кога екранот е исклучен: го буди уредот.
  • Еден клик кога екранот е вклучен: ве води на почетниот екран.
  • Два клика: ве води до мултитаскинг интерфејсот.
  • Три клика: кратенка за прилагодување на пристапноста.
  • Притискање на копчето: идентификација со Touch ID.
  • Два пати допрете (без клик): побарајте Достапност.
  • Притиснете и држете: повикајте Siri.

Одеднаш, со iPhone X се се промени. Apple стави акцент на екранот – единствениот елемент кој остана од основниот сет – а функциите кои досега ги извршуваше Home копчето се додадените копчиња за вклучување, односно исклучување.

  • Будење на уредот: допрете го екранот.
  • За одење на почетниот екран: кратко повлечете со прстот од дното кон врвот на екранот.
  • За одење на мултитаскинг интерфејсот: подолго повлечете со прстот од дното кон врвот на екранот.
  • Уште подобар начин за мултитаскинг: само преминете со прстот бочно на Home индикаторот.
  • Кратенка за пристапност: три пати притиснете го страничното копче.
  • Автентикација: само погледнете го екранот.
  • Достапност: преминете со прстот надолу на долниот раб од екранот.
  • Siri: притиснете го и држете го страничното копче.

Фактот дека Home копчето е занемарено и дека неговото губење не е толку лошо како што отпрвин се чинеше се темели на тоа колку лесно корисниците се навикаа на гестовите на iPhone X. Според зборовите на Gruber, тој успеа целосно да се навикне на нив само за неколку дена. Толку, што кога користел некој друг модел, автоматски пробувал да ги користи гестовите на iPhone X.

За тоа да биде можно, Apple мораше да создаде соодветни технолошки услови. Еден од нив е и толку пати споменатиот Face ID. Но, има и многу други битни работи. Како на пример, допирот на екранот за будење на уредот, што е толку природен потег што е чудно зошто тоа не беше имплементирано во iPhone и претходно.

Би требало да споменеме дека iPhone X не ја доби ProMotion функцијата на iPad Pro (која значи брзина на освежување на екранот од 120 Hz), но доби брзина на следење на допирот од 120 Hz, што е двојно повеќе од другите iPhone уреди. Општо, тоа значи дека уредот може да ги следи вашите допири два пати попрецизно од останатите уреди. Тоа е едвај видливо, но ги прави анимациите помалку да личат на анимации, и тие повеќе изгледаат како операции и проемни што сте ги направиле со допирот на вашата рака. Со тоа, единствената преостаната интеракција стана уште повеќе лична.

Истото „живо” чувство доаѓа и од интуитивната работа на известувањата. Нотификациите ќе се покажат на Заклучениот екран штом ќе фрлите поглед на нив. Се на се, тоа не е голема работа, но ако земете во предвиддека сега и погледот може да биде гест, тогаш тоа е голема работа. Гест кој ви овозможува да направите неколку акции и уредот реагира веднаш. А тоа е прилично нова функција.

Истото вреди и за Face ID. Новата биометриска идентификација не беше отворено подобра од Touch ID. Едноставно е поинаква, но убаво се вклопува во овој нов бран.

Touch ID се чини како подобар начин на отклучување на вашиот уред. Со Face ID, се чини дека вашиот уред не е ни заклучен – вели Gruber.

И тоа е она за што е создаден iPhone. Кога Steve Jobs излезе на сцената на Macworld Expo во  2007. година, го претстави Slide to Unlock, а не Passcode. Тогаш немаше многу корисници кои сместуваа доверливи информации на своите уреди, поради што немаше потреба за лозинка. Slide to Unlock беше повозбудлив. Face ID го врати тоа чувство на возбудување и директност.

Gruber нагласува дека најинтересна работа не е iPhone X сам по себе, туку целата слика и чувството кое го донесува уредот. iPhone X е навистина извонреден уред, но она штп е навистина битно е дека ова е камен темелник на иднината на Apple. Секако, авторот на Daring Fireball има свои подеми и падови во врска со телефонот. Издвоивме неколку од нив:

  • Испакнатоста на камерата стана поголема од претходно, што всушност и не е проблем. Стана вистинска работа. Претходно беше на работ на нешто и ништо. Како што опиша Gruber: ако веќе ја имате испакнатината, имајте ја еб….. испакнатина.
  • Home лентата (која ја презема улогата на Home копчето) станува прилично фрустрирачка по некое време. Им помага на новите корисници да се навикнат на недостатокот на Home копчето, но бидејќи постојано е присутна, навистина е напорна. Смета дека ќе биде поелегантна во следните верзии на iOS.
  • Одлично е тоа што звукот на алармот се исклучува кога ќе го погледнете алармот.
  • Копчето Mute остана исто, што е одлично и исто така значи дека ќе остане непроменето подолго време. Сигурен е дека би го отстраниле на овој модел, ако сакале да го променат.
  • Рамката од нерѓосувачки челик дава поголемо чувство на врвен квалитет од алуминиумот. Поради него, уредот е нешто потежок, и имате чувство дека е „посериозен”.
  • True Tone сега е исто што и Ретина екранот кога прв пат излезе. Нема ништо да забележите додека го користите, но кога ќе се вратите на стариот модел, дефинитивно ќе ви недостасува.
  • За повеќе да го цените iPhone X, треба да се вратите на iPhone 7. Искуството на Gruber со тоа е: екранот се чини навистина мал, тоновите се постудени, а оштрите агли изгледаат грубо.
  • Засекот не му претставува никаков проблем во вертикалната поставеност, но во хоризонатална положба, би му било подраго кога не би бил таму.
  • Она што е вознемирувачко се горната и долната рамка. И покрај тоа што се минимални, изгледаат како загубен простор.
  • Дури ако со големината е само нешто поголем од 4,7-инчниот уред, iPhone X изгледа преголем за да биде најмал уред во палетата производи. Ако се остварат гласините за поголем екран, Apple исто така би требало да претстави помал смартфон. Како iPhone SE X концептот.
  • Што се однесува до цената, како прво, Gruber смета дека критичарите имаат проблем со цените на уреди како овие во глобала, не само со цената на iPhone X. Како второ, со толку функции што го прават телефонот толку важен уред за работа, не е ни чудо дека неговата цена порасна на ниво на лаптоп.

Според мислењето на авторот, Apple избрал вистинска тактика. Не ги присилија луѓето на целосна промена, туку го понудија и поконзервативниот избор, iPhone 8. Ако сакате нов уред со помалку компромиси, iPhone 8 знае се што и iPhone X, но на нешто поумерен начин. А не сте присилени да направите голема промена. А тоа пак помага при решавањето на парадоксот што го споменавме на почетокот на текстот.

Gruber ги сумираше своите размислувања:

iPhone X не е дело на премногу внимателна компанија. Ризично е од темел да се промени најпрофитабилната платформа на светот. […] Осификацијата е ризик со платформата која е толку популарна и успешна ако iPhone – стравот од донесување на непопуларни промени може да доведе до тоа продавачот на платформата да не направи никакви позначајни промени.

За Gruber, iPhone X е сега стандард и прилично убав улов.

Извор: Daring Fireball

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.