imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

iPhone XR се уште не е најпопуларен iPhone досега


Барем помеѓу новите модели. Според податоците на MixPanel, традиционалните iPhone модели повеќе не се во водство. Барем не засега…

Корисниците кои се противат на константното зголемување на уредите и кои сакаат враќање на 4-инчните екрани стануваат се погласни. Сепак, се чини дека поголемите модели и натаму владеат со пазарот. Уште повеќе, истражувањето на Mixpanel покажа дека токму iPhone XS Max е моментно најпопуларен помеѓу новите модели.

Меѓутоа, тоа наскоро би можело да се промени. Како што веќе заклучивме, уредот кој оваа година најмногу ги освои срцата на корисниците и кој има најдобар однос на цената и квалитетот несомнено е iPhone XR. Со опглед на тоа дека последен пристигна во продавниците, се уште се бори да го надомести тој заостаток, но веќе успеа да го надмине iPhone XS.

Кога ќе ги разгледаме процентите, гледаме дека iPhone XR моментно стои на 3,08%, iPhone XS на 2,9%, а iPhone XS Max на 3,69 проценти. Секако, овие бројки и натаму заостануваат зад минатогодишните модели – iPhone X е на 11,82%, iPhone 8 Plus на 10,01%, а iPhone 8 на 9,84%.

Важно е да се истакне дека наведените податоци не се добиени од официјални извори, па не треба да се сметааат за проценети бројки.

Извор: Cult of Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.