imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iPhone Xs и 6.5 инчниот iPhone Xs Max беа претставени


Apple ги претстави овогодинешните нови iPhone модели. Во најмала рака два од очекуваните три модели. Ја завршија задолжителната S серија, а поголемиот модел може да биде причина за префрлување на многу корисници.

Сега ние ја пишуваме S годината, година во која очекувавме помали иновации во смисла на спецификациите отколку веќе претставените значајни иновации. Замисленото сценарио се одржа и дизајнот не се промени, можеби и воопшто, но за среќа постојат неколку карактеристики кои треба да се спомнат. На пример, добивме сосема нова златна боја, која компанијата сакаше уште претходната година ја донесе во живот и покрај тоа што обидот не беше успешен. Колку што знаеме, ваквите промени ја имаат за таргет пошироката група на луѓе.

Како и да е, многу е побитно што монструозниот 6.5 инчен iPhone навистина пристигна. Не е само фактот дека сега го имаме најголемиот iPhone што Apple некогаш го има претставено, туку и што овој уред прсктично е еден од најголемите телефони на пазарот.

Како што веќе имавме напишано, тие не направија некоја промена во изгледот, истите доаѓаат од внатрешноста. На пример, ppi на екранот стана уште подобар, звучниците ќе бидат уште подобри, Face ID стана побрзо, камерата е сега поубава и попаметна, во врска со Xs батеријата се подобри за половина час во однос на X и за 90 мин. повеќе кај Xs Max, а да не споменеме за подобрената водоотпорност, која компанијата ќе ја потврди со гаранцијата, но сеуште не е официјално.

A12 процесорот навистина ја доби промената со 7nm, а со овој чекор Apple го направи iPhone првиот паметен телефон кој ја носи оваа технологија. Патем, процесорот ќе работи со 4 и 6 јадра и дефинитивно ќе биде чидовиштето на репер тестовите, се обложувам дека истиот ќе се најде во ист ред со многу MacBook модели.

Опциите за меморија, исто така сега веќе се на следно ниво. Сега можете да изберете и опција со 512GB која корисниците можат да ја искористат за многу 4K видео записи, иако не сум сигурен дека на светот ова му беше потребно.

Друга извонредна промена која од сега па натаму ќе биде достапна е Dual SIM опцијата, која компанијата ја создаде преку eSIM технологијата, иако не сме сигурни дека истата ќе работи и кај нас, но да се надеваме. Што се однесува до кинескиот пазар, тие нема да губат време на eSIM и во нивниот случај тие ќе добијат уред со простор за две физички SIM картички, “but it’s not my cup of tea”.

За сега тоа е сè, прилично фер надградба, меѓу кои моделот со поголемиот екран дефинитвно ќе биде возбудлив. Ние со нетрпение очекуваме да дознаеме какво ќе биде чувството да истиот да се користи во реалниот живот, во теорија физичката големина не е далеку од претходниот Plus модел.

Статијата ќе биде ажурирана со цени откако истите ќе бидат објавени за секоја од државите.

Доколку сакате да добиете известување за кога најновите уреди ќе пристигнат пријавете се на листата тука.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.