imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Искуство од прва рака со iPhone XS и iPhone XS Max


Имавме само неколку часа да ги тестираме новите flagship уреди на Apple пред да бидат лансирани, но дадовме се од себе. Наместо техничките спецификации, ајде да ги видиме првите впечатоци.

Кога веќе не можеме да бидеме меѓу првите, да бидеме барем меѓу најдобрите – ова е нашиот став што се однесува до iPhone XS и iPhone XS Max. Поради тоа, во наредниот период континуирано ќе ги тестираме двата досега најдобри смартфони на Apple, со дополнителна помош од нашите читатели. Навистина би ни било драго со нас да ги поделите вашите прашања во коментарите, а ние ќе се потрудиме следната недела да ги тестираме уредите во согласност со тоа.

Да погледнеме што покажа моментниот тест кој го изведовме. Веќе многу пати пишувавме за техничките спецификации на iPhone XS и iPhone XS Max, а видовме и многу фотографии и снимки од странските новинари и влогери. Меѓутоа, да се држат овие исти модели во своите раце е нешто сосема поинаку. Дополнително, исто така е целосно поинаку кога петмина или шестмина од нас седиме во собата, гледајќи во двата смартфона и дискутирајќи за нив. Ајде да ги видиме првите впечатоци, од секој од нас во врска со дизајнот, а потоа и за областа која навистина не воодушеви…

iPhone XS – Hordon

Tim Cook, претставувајќи го минатата година iPhone X, кој беше многу иновативен и во поглед на дизајнот и во поглед на знаењето, рече дека овој уред ќе ја одреди следната деценија на iPhone, кој лани ја прослави својата десетгодишнина. Поради тоа, не беше ни малку изненадувачки што на годинашниот Keynote беше претставен уред кој навистина недоливо потсетува на iPhone X.

Дали е тоа добра работа или не, ќе морате да одлучите самите. Би се осмелил дури и да кажам дека не се поставува прашањето дали е тоа добра работа. Едноставно, само фрлете поглед на последните смартфони. Што гледате? Она што го гледам јас се мноштво уреди со помали рамки околу екранот, засек и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки…

Навистина делува дека минатогодишниот iPhone X не само што го одреди пазарот на смартфоните на Apple во следните десет години, туку успеа да влијае на глобалниот пазар на паметни телефони.

Може да се случи да не ви се допаѓа, но дури и да имате сомневање: можеби за многу работи ќе го обвинувате Jony Ive, можеби ќе го мразите обликот на камерата или ќе ве шокира отсуството на Home копчето или 3,5 мм приклучок за слушалки. Дали е по ваш вкус или не, iPhone е диктатор на трендот и тоа е тоа.

Попатно би додал – и тоа е лична лекција – дека не треба да се суди дали уредот ви се допаѓа или не само на основа на фотографиите на уредот. Дури не ми се ни допаѓа како го прикажуваат фотографиите. Меѓутоа, без оглед на тоа колку пати ги држам iPhone X или сега овие нови уреди во своите раце, секогаш одново се воодушевувам колку се убави, колку секој детал е дизајниран со внимание (да заборавиме на асиметричното дно, заслужува критика).

Да поедноставиме, го имам истото чувство додека го држам iPhone XS во раце, како и кога го држам iPhone X, и така треба и да биде. Но, доколку зборуваме за сличностите, функционалноста исто така многу не се промени, но тоа и не е толкаво изнеадување, бидејќи ја  испишуваме S-годината. Секако, тоа не значи дека уредот не станал „попаметен”.

Земајќи во предвид дека се работи за тест врз основа на први впчетаоци, не би трошел време на темелното набројување на спецификациите, бидејќи тука секој може да ги погледне доколку е потребно. Поентата е во тоа што се подобрени многу аспекти, почнувајќи од камерата, преку процесорот и другите интерни компоненти, до екранот. Сепак, не премногу, но сепак е воочливо. Просто е невозможно да се освои светот со нов уред секоја година, ниту тоа го пробува iPhone XS. Меѓутоа, тој сепак претатсавува прифатлива надградба, што е фер понуда за оние што не го купија iPhone X минатата година, бидејќи сакаа да почекаат самиот концепт да стане појасен и попрецизен.

И еве го, еве го iPhone XS, еве го прецизниот концепт.

iPhone XS Max – Viktor

Големина

Никогаш не сум имал Plus модел, но ризикував и се претплатив на iPhone XS Max. Многу ме инетерсираше какво ќе биде чувството да се држи во раце. Знам дека се работи за најголемиот екран на iPhone досега, но дали ќе можам нормално да го користам? Има ли смисла? Да го оставиме последното прашање за крај, и да почнеме со останатите.

По iPhone X, оваа надградба не се чини како голема промена. Ми го собира во џеб, не ме нервира. Ако имате помали раце, може да ви се чини преголем, но мене ми одговара големината. Тежината се чувствува, но ни тоа не ми пречи после iPhone X, иако промената би можела да биде осетна за оние корисници кои досега ги имаа помалите модели, како iPhone 5s или SE. Но, големиот екран е навистина кул. Сега исксутвото на гледање на вообичаено спектакуларните фотографии ќе биде уште подобро.

Сакам да фотографирам и често тоа го правам, но обично ги гледам сликите на смартфонот (понекогаш ги претворам во албум на iPad, благодарение на новата функција на iOS 12 наречена Memories, сметам дека тоа е најдобар начин за презентирање на некој настан или период). Со оглед на тоа дека камерата стана толку добра, одлично е што екранот не заостанува зад неа во поглед на квалитетот, па да можеме во фотографиите да уживаме директно на уредот.

Едноставно сум воодушевен од целото исксутво и знам дека сега ќе ми биде многу полесно да ги одработам деловните задачи кога на расплагање ќе имам само смартфон. За сите оние кои преминаа од Plus моделот на iPhone X, и им недостасува поголем екран, овој уред дефинитивно мора да го имаат. Иако не се работи за екран со гигантски пропорции, по iPhone XS Max имав чувство дека iPhone X е минијатурен.

Боја

iPhone XS Max можете да го купите во три бои – класичните сребрена и вселенско сива, и новата златна. Секако, се зависи од вкусот, но треба да знаете дека златната боја е најпопуларна. Pat беше толку воодушевен што само заклучи дека Jony Ive сигурно го пропуштил состанокот на кој се расправало за бојата, бидејќи оваа „златна” е толку фантастична, што тој никогаш не би ја нарекол со така прозаично име.

И навистина е величествена, и целосно поинаква од сето она што можеме да го видиме на фотографиите и на снимките. Еве, сега кога ја видов во живо, повеќе би рекол дека се работи за бакарна нијанса! Линиите кои се протегаат долж рабовите создаваат длабопка, темна, бакарно-патинеста илузија, па кога уредот ќе го поставите со екранот нагоре, изгледа спектакуларно. Задната камера некогаш изгледа златно, но под одредено светло и агол на гледање речиси има боја на праска. Многу убаво и навистина единствено. Никогаш не сум мислел дека ќе имам златен смартфон, но во ниту еден момент не пожалив за својата одлука.

Перформанси/Камера – Pat

Корисниците најмногу внимание им посветуваат на новите функции на камерата. Тие стануваат се побрзи и се попаметни. На прв поглед, се чини дека способностите на камерата на iPhone XS се целосно еднакви на оние од iPhone X. Apple работеше со идентични бројки, па повторно имаме три камери, една однапред и двојна камера со телефото леќа. промените можат да се видат во осетно поголемиот број на пиксели, што значи и подобро осветлување.

Исто така, бројот на AF бодови буквално се удвои. Но, тоа е се – главните промени не се случија во камерата. Процесорот има најголема улога во разликите помеѓу фотографските и видео способности на iPhone X и iPhone XS. Apple овој систем кој ги обединува новите функции го нарече Smart HDR. Со други зборови, сега софтверските решенија помагаат во создавање на подобри фотографии и разликата е навистина голема. Но, да тргнеме по ред.

За почеток, кога ќе ја отворите апликацијата Камера, уредот веднаш ќе направи снимка во четири рамки, па експозицијата е веднаш достапна. Моќните перформанси на јадрата на CPU помагаат во побрзото отворање на апликациите, што значи дека сега можеме да фотографираме практично во истиот момент кога ќе посакаме. Моментно нема камера која во тој поглед е подобра.

Smart HDR, во споредба со претходната HDR функција може да создава подобри фотографии со преголема или премала експозиција, што резултира со поголем динамички распон и многу подетални фотографии. Боите се едноставно одлични, не се презаситени, додека процесрот и камерата многу брзо можат да пронајдат фокус и добра експозиција. Навистина е тешко да се направи лоша фотографија со iPhone XS или iPhone XS Max.

Снимивме многу фотографии, практично се што сакавме. По враќањето во канцеларија, имавме време да си поиграме со острината и боите. Додека го испрбував новиот модел, бев малку скептичен, бидејќи не сум навикнат сите поважни вредности на фотографиите да ги прилагодуваме накнадно. Но, навистина функционира и A12 Bionic чип ја подигнува фотографијата на сосема ново ниво.

Она што повеќе ме шокираше е стабилизацијата на видеото. Во тој поглед нема некакви конкретни физички промени на задната камера, а и оптичкиот стабилизатор остана ист. Процесорот и софтверот изведуваат толку добри работи кои морате сами да ги испробате, бидејќи нема да верувате кога за тоа читате, па дури ни кога тоа го гледате на снимката. iPhone XS и iPhone XS Max го прават решението како она во DJI, целосно бескорисно. Ако одите со нормално темпо и ја држите камерата со двете раце, добивате резултати како уредот да бил на сталак на совршено рамна подлога. Факторот на човечка грешка во целост е елимниран.

На почетокот мислевме дека ќе успееме да го надмудриме системот и дека сигурно ќе има ситуација кога ќе потфрли, но не бевме во право. Дури 18 секунди правевме различни движења: ја држевме пред себе, па зад себе, па ја вртевме, но резултатите се неверојатно. Оваа наизглед здодевна надградба на процесорот не е маркетиншки трик на Apple – во позадина се случи сериозно подобрување а хардверот и софтверот.

Врз основа на нашите први впечатоци, iPhone XS и iPhone XS Max не само што ја имаат најдобрата камера во историјата на iPhone, туку и моментно најдобрата камера достапна на пазарот. Во споредба со DSLR и MILC, сензорот постојано поставува ограничувања, но зголемувањето на осветленоста, новиот процесор и UI пружаат навистина многу нови можности и зчаително го олеснуваат креирањето на фотографии и видеа.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.