imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Исполнете го предизвикот по повод меѓународниот ден на јогата со овие апликации


Apple го најави својот нов предизвик на Apple Watch, а ние ви ги донесуваме апликациите со кои можете да ја заработите својата значка и налепници.

За успешно да го извршите предизвикот, морате да вежбате јога најмалку 15 минути. Еве неколку апликации кои ќе кои ќе ви помогнат во тоа.

Поголем дел од овие апликации работат по исти принцип: се пријавувате, ја избирате својата цел и бирате помеѓу неколку бесплатни вежби, со опција да доплатите за да добиете пристап до поголем број вежби, предизвици и слично. Кога ја бирате идеалната апликација за свои потреби, ви препорачуваме да не мислите само на бројот на вежби, пози и предизвици, туку и на тоа дали апликацијата доволно добро ќе ве мотивира да работите. Тоа е посебно важен фактор кога е во прашање вежбањето јога.

Simply Yoga

Една од ретките апликации која нуди доста во бесплатен формат. Можете да бирате помеѓу вежбите долги 20, 40 и 60 минути, со кои доаѓаат и видеа со демонстрации. Најголем недостаток се рекламите. Ги има многу и можат да ви го нарушат вежбањето. Целосната верзија донесува преку 30 положби, прилагодени вежби и, секако, нема реклами.

Asana Rebel

Иако не се работи за вистинска апликација, Asana Rebel донесува вежби инспирирани од јога, но со две главни цели: постигнување на форма и губење килограми. Самата апликација изгледа како луксузен магазин, со многу вежби, популарни колекции (меѓу кои се и оние наменети на работниците во канцеларија кои страдаат од болки во грбот). Нам ни се допаѓаат петминутните вежби, во спектар од HIIT до танц. Ако поради нешто ја препорачуваме оваа апликација, тогаш тоа е мотивацијата. Секој призор, секое име на вежба о целокупниот дизајн навистина ве поттикнуваат да влезете во спортската облека и да ја одработите својата дневна јога.

Pocket Yoga

Над 200 прекрасно илустрирани фотографии ги покажуваат точните положби, вклучувајќи го и правилното дишење. Ако сакате да дознаете повеќе за предностите и техниките на различните пози во јога, тука е речникот кој може да ви помогне. Изберете помеѓу 27 вежби кои ги дизајнирале искусни тренери, од кои сите се со различни должини и интензитет. Можете да имате личен инструктор за јога за просечна цена од едно кафе.

Down Dog

Ако сакате малку да ја зачините својата јога, ова е апликација за вас. Нуди мноштво конфигурации – дури 30.000 од нив, на почетокот на секој тренинг го бирате нивото, видот на вежба, должината и целта на вежбата, должината на Савасана и поставки на ритамот, снимки, музика и инструктор. Накратко, Down Dog создава целосно ново искуство на вежбање јога. Бирајте помеѓу бесплатните верзии, месечна/годишна претплата или купете ја апликацијата засекогаш. Нам ова ние фаворит!

Yoga Studio

Уште една апликација наменета за љубителите на јога, која нуди преку 130 видеа и медитации со должина помеѓу 5 и 60 минути. Можете да бирате помеѓу веќе осмислените тренинзи или да создадете сопствен. Ако сакате да бидете ажурни и редовни, можете да го забележите секој тренинг во календарот. Апликацијата редовно се надградува, а можете да бирате помеѓу седмодневната бесплатна верзија или месечна и годишна претплата.

Daily Yoga

Ако сте нов во светот на јогата, а сакате да бидете здрави, на ослабите или да поработите на тонусот на мускулите, тука можете да ги изберете сите тие цели и да го прилагодите вежбањето на нив. Вклучени се и предизвиците, како вежбањето шпага и десетдневната работа на флексибилност. Поголем дел од овие опции се достапни само во Pro верзијата, со месечна и годишна претплата.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.