imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Испраќајте фотографии од екранот побрзо од било кога


Уметноста на создавање слики од екранот е стара колку и самите компјутери. Но, дали ги знаете сите трикови на создавање скриншоти?

Првите фотографии од екранот настанале одамна, во златното доба на оперативните системи со пишани наредби (како MS-DOS). Меѓутоа, денес работите се малку поинакви.

Уредите на Apple, како и сите други, можат да ги снимаат содржините на сопствените екрани. Без разлика дали се работи за iOS или macOS уреди, оваа функција денес е многу опширна. Најголемата промена се случи со претставувањето на iOS 11 пред две години. Претходниот метод на снимање со притискање на две копчиња, а потоа баарање на сликата во фотографиите сега е заменета со подобар метод, кој има повеќе можности.

Значи, кога снимате слика од екранот на iPhone или iPad со iOS 11 или iOS 12, мал приказ од снимената слика ќе се појави во долниот лев агол, олеснувајќи го уредувањето, снимањето и бришењето.

Уште повеќе, ако сакате, снимената слика можете веднаш некому да му ја испратите, со целосно прескокнување на уредувањето или снимањето на сликата.

Еве како можете тоа да го направите:

Направете скриншот на својот уред. Ако имате iPhone 8 или постари модели на iPhone или iPad, држете го копчето за вклучување и копчето Home. На iPhone X и поновите модели, и 11-инчниот ili 12.9-инчниот iPad Pro, држете го страничното копче и притиснете го копчето за зголемување на јачината на звукот.

Причекајте додека не се појави приказ на сликата во долниот лев агол. Допрете ја како кога користите 3D Touch или Haptic Touch (како кога сакате да ги протресете иконите на почетниот екран).

  • Исто така, оваа опција функционира и на заклучен екран, само што морате да го отклучите екранот. Ако имате Face ID нема проблеми, бидејќи и онака поголем дел од времето го држите екранот пред себе. Меѓутоа, ако имате постар уред, морате да го употребите Touch ID или да ја внесете лозинката. Во спротивно, не можете да го прескокнете чекорот со уредување/бришење/снимање.
  • Сега наместо вообичаениот интерфејс за уредување ќе се отвори прозорец за споделување, па веднаш ќе можете да ја проследите фотографијата преку AirDrop или некоја друга услуга за допишување.
  • Освен испраќањето, сликата можете да ја снимите во апликацијата Files, да ја копирате, принтате и слично.
  • Кога ќе завршите со испраќање, прозорецот автоматски ќе се затвори и можете да продолжите да уредувате, снимате и бришете фотографии.

Со можностите кои ги нуди iOS, никогаш не беше тешко да се направи снимка од екранот, но но овој краток процес може дополнително да се оптимизира и поедностави со употреба на инстант пораки.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.