imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Ive: „Проблемот е: Која среда?”


Главниот дизајнер на Apple, Jony Ive одржа говор во кој зборуваше за својата поврзаност со производите на Apple, креацијата, а заврши цитирајќи го Steve Jobs.

Cambridge Union Society кон крајот на 2017. година му пријде на Stephen Hawking со идеја за создавање на стипендија кога би го носела неговото име, со намера да го признае неговиот придонес за Cambridge, академската заедница и вистинските лица со инвалидитет. Hawking во ноември, 2017. година одржа инаугурално предавање, кое воедно беше и еден од неговите последни јавни настапи пред неговата смрт во март, 2018. година.

Стипендијата е награда која се дава на истакната фигура во STEM (Science, Technology, Engineering and Mathemathics) подрачјата. Charles Connor, Претседател на Cambridge Union Society во септември најави дека прв добитник на наградата е еден од „највлијателните поединци во модерната технологија”, Sir Jonathan Ive. Главниот дизајнер на Apple одржа говор во кој се присети на својата кариера и кој вклучуваше многу интересни мисли. Преведовме некои од нашите најдраги цитати за вас. За повеќе за неговиот говор, посетете го текстот кој го напиша Independent.

За неговото прво искуство со Mac и за тоа како тоа доведе до негово придружување на Apple во 1992 година:

Со Mac во 1988, мислам дека научив две работи. Најпрвин, всушност можев да го користам. Обожував да го користам и тој стана многу моќен алат кој ми помагаше да дизајнирам и креирам. Второ, мислав дека ова на некој начин е срамотно признание, бидејќи се случи по четири години студирање дизајн, сфатив дека она што го создавате го претставува она што сте.

Тоа е доказ за вашите вредности и вашите преокупации, а користејќи Mac почувствував јасна и директна поврзаност со луѓето кои всушност го создале Macintosh. Прв пат, се сеќавам дека ме допре очигледната хуманост и грижата која е надвор од функционалниот императив.

За тоа како постои „темелен судир” помеѓу „љубопитноста и одлучноста и фокусот кои се нужни за решавање на проблемот”:

Искрено, не можам да се сетам на два начина на работа, два различни начина на постоење, кои се со поголема поларна спротивност. Од една страна, константно прашање, љубов кон изненадувањата, обземено со љубопитност, а од друга, мора во целост да бидете посветени и фокусирани, за да се решат очигледно непремостливи проблеми, иако овие решенија не се без преседан, ниту референца. И така, секако, тука се станува некако иронично и речиси крајно апсурдно.

Се уште сака да креира:

Фасциниран сум, целосно магепсан од креативниот процес. Сакам непредвидливост и изненадување. Целиот процес е неверојатно застрашувачки и така неизвесен. Нема идеја, нема разговор, собата е тивка, и сигурно нема цртежи. Прототипите се далеку во иднината. Во понеделник нема ништо, но во среда има. Нема втска колку делумно, колку провизорно. Сега, проблемот е единствено: која среда?

Наместо со свои зборови, Ive го заврши својот говор со цитат од Steve Jobs, кој неговиот близок пријател и соработник во рекол пред отприлика 10 години:

Ќе ви прочитам нешто што мојот близок пријател и соработник, неверојатниот Steve Jobs ми го рече пред отприлика 10 години. Да се заклучи говорот со неговите зборови, наместо со мои, ми се чинеше сосема соодветно. Постојат многу начини да бидете како личност. Луѓето ја изразуваат својата длабока благодарност на различни начини. Но, еден од начините на кој верувам дека луѓето ја изразуваат својата благодарност на остатокот од човештвото е да направат нешто прекрасно и тоа да го споделат со другите. И никогаш не ги запознавате луѓето, никогаш не им пружате рака. Никогаш не ја слушате нивната приказна или ја споделувате вашата, но некако, во чинот на создавање со голема количина на грижа и љубов, нешто ќе биде пренесено. И тоа е начин на остатокот од нашиот вид да му ја изразиме нашата длабока благодарност.

Извор: Independent

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.