imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Изворен калкулатор на iPad? Дали е тоа можно?


Ова е проблем со кој Apple веќе долго време со справува, но постои решение и за тоа!

Недостатокот на фабрички вградена Calculator апликација на iPad лежи во длабокото ниво на изворниот код на iOS, што за мене претставува целосна непознаница. Јас сум голем обожавател на iPad, кој стана мое главно орудие за забава и читање. Со нив е всушност се во ред, но сепак би сакал да го прашам раководството на Apple зошто недостастува апликацијата Calculator.

Ова секако има објаснување, но ако не сте заинтересирани, само скокнете на крајот на текстот. Се зборува дека една многу важна личност во животот на Apple, Steve Jobs лично, го укинал постоењето на Calculator апликацијата на iPad. Зошто? Според приказната, пред да го лансира iPad, бившиот директор го повикал Scott Forstall во својата канцеларија. Forstall беше одговорен за иновативниот графички интерфејс од iOS 1, па се до iOS 6. Доколку сте заборавиле, еве како тогаш изгледaше iOS:

Steve сакал да го праша Forstall за статусот на Calculator апликацијата (Сетете се, тоа беше 2010. година кога се појави iPad). Forstall го известил Jobs дека таква ставка не постои во листата на задачи на неговиот тим. Jobs знаел дека не можат да им понудат на корисниците недовршена апликација, па побарал од Forstall веднаш да ја отстрани, доколку не постои друго решение. И, како што гледате, решение немаше…

Така што сме препуштени на следното решение:

Алатката за пребарување на iOS е идентична на Spotlight Search на Mac. Функцијата која е воведена со iOS 9 донесе многу нови карактеристики. Една од нив е можноста за пресметување. Значи, треба да го направите следното:

  1. Повлечете со прстот кон врвот на уредот за да ви се појави опцијата за пребарување.
  2. Изберете “Spotlight Search”.
  3. Внесете ја калкулацијата и Spotlight ќе ви исфрли одговор.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.