imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Изворниот код на iOS 12 откри лансирање на iPad со Face ID


Иако е изоставен од настанот во септември, тоа не значи дека новиот, мистериозен iPad со вграден Face ID нема да пристигне наскоро. А како што можете да видите, не би требало долго да чекате…

Додека ние, основните корисници, веќе неколку дена можеме да го користиме новиот iOS, зад кулисите со полна пареа се одвива бета тестирањето на iOS 12.1 за програмери. А како што и навикнавме, големите играчи нурнаа два метра под површината во надеж дека ќе пронајдат нешто вредно.

Секако дека пронајдоа.

Да бидам искрен, имаше неколку скриени траги. Први беа трагите на iCloud сингхронизација на Memoji. Зошто некој би сакал да ги синхронизира своите персонализирани аватари ако немаат барем два уреда со Face ID? Бројот на оние кои имаат барем два iPhone X или понови уреду не е толку голем. Но, постојат многу корисници кои имаат комбинација на iPhone и iPad. Така што оваа функција би можела да упатува на се уште неоткриениот iPad со Face ID.

Еве уште една причина за тоа. Повторно благодарение на iOS 12, пронајдени се докази за Face ID поддршка за landscape ориентација. Како што се испостави, оваа функција можеби не е наменета за постоечки уред, бидејќи поинаква ориентација бара и поинакво израмнување на сензорите. А тоа не е трик кој би можело да го научат уредите преку надградба на софтверот. Значи, во кој уред би можело ова да биде вклучено? Во iPad, секако (и суптилно ќе ги споменеме и MacBook уредите).

Поради тоа, стануваме се посомничави дека Apple почнал да се подготвува, барем во поглед на софтверот, за нови уреди. А потоа е пронајден крајниот доказ, повторно како невина линија во кодот. Погледнете!

“iPad2018Fall”. Името зборува се. Значи, новиот iPad би можел да пристигне оваа есен, со атрибутите како Face ID. Не морате да бидете гениј за да ги соберетe сите парчиња заедно и да видите за што зборуваа Kuo и Gurman. Ако ги следиме редовните распореди на Apple, оваа есен дефинитивно би можело да значи крајот на октомври. Дали се работи за тивка надградба или за голем настан, засега не знаеме, но можеме да бидеме сигурни дека нешто се случува…

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.