imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Јајце ја победи Kylie Jenner на повеќе нивоа


Тоа е убавината на хуманоста: јајце доби најмногу лајкови на Instagram. Уште поубаво е што со тоа се даде поддршка на многу убава цел, иако несвесно.

Сите веќе знаат дека објавата за породувањето на Kylie Jenner на Instagram повеќе нема најмногу лајкови, бидејќи ја победи јајце. Но, не било какво јајце. Ова е она јајце. Јунак, светски рекордер, Тоа јајце не ги испрати фактите дека во светот на социјалните мрежи и лајкови на прво место секогаш се ѕвездите на реални емисии. Но, ова е едно посебно јајце.

Всушност, се работи за навистина интересен феномен. За почеток, се се случи изненадно. Можеме слободно да кажеме дека половина од вкупниот број на корисници на Instagram притисна срце под сликата со јајцето, затоа што тоа беше смешно и блесаво. Подоцна оваа приказна се прошири, па луѓето почнаа да даваат like, затоа што веќе беа дадени апсурдно многу лајкови. Конечно, објавата го собори рекордот со 52.309.121 лајк и преку 10 милиони следбеници. (Само за споредба, објавата на Kylie доби 19 милиони лајкови).

Сето ова не би не чудело толку, бидејќи веќе научивме да очекуваме од Интернет повремено да произведе толку апсурдни работи. За среќа, приказната не заврши тука. Откриено е кој стои зад таа објава:

Се работи за генијален експерт од британска маркетинг агенција и социјална организација, која се занимава со ментални болести.

Тој не го стартуваше сето ова од чиста забава, туку поради благородна цел. На следната објава на корисникот world_record_egg на Instagram повторно се гледа јајце, но овој пат со ситна пукнатина. Подоцна е објавено јајце со поголема пукнатина, па со уште поголема и така натаму. По шестата објава, милион лајкови, коментари, следбеници и реакции, откриено е кој е главниот повод на оваа иницијатива:

Јајцето е скршено. И тоа поради притисокот од социјалните мрежи. Исто како што под истиот притисок можат да се скршат луѓето. Во свет во кој милиони луѓе даваат like без никаква причина и смисла. Во свет во кој анонимните коментатори можат без проблеми да уништат слика за некоја личност. Само затоа што тоа го сакаат.

Пораката на ова видео е дека истото може да му се случи на било кој. Не потикнува во таквите ситуации да не пробуваме самите да се носиме со притисокот, туку да побараме помош. Од таа причина е отворена страницата talkingegg.info, а нејзините автори собраа неколку линкови од заедниците од разни држави, кои пружаат помош.

Секако, листата е се уште во изработка и некои држави се уште ги нема. Поради тоа се потикнуваат корисниците да ја прошират таа листа. Значи, ако знаете такви институции или организации, испратите мејл на оваа адреса: submit@talkingegg.info (ако знаете за таква институција, но ве мачи јазичната бариера, оставете ни коментар и ќе ви помогнеме).

Со овој голем трик, успеаја да ја насочат силата на социјалните мрежи кон благородна цел и да им испратат порака на милиони. Да, интернет може да се користи и за добри цели, а ова јајце уште долго ќе биде добар пример за тоа. Собра толку ајкови, што ќе биде потребно многу долго време да го надмине објава на некоја безначајна ријалити ѕвезда.

Извор: BuzzfeedNews

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.