imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Каде поминувате најмногу време?


Поголем дел од луѓето веројатно најмногу време поминуваат дома и на работа или во училиште. Но, каде уште? Дали е поголема шансата дека ќе ве пронајдеме во продавницата или во вежбалница? Да погледнеме една скриена функција на iOS која ви открива на кои локации поминувате најмногу време, и две апликации кои ви ги откриваат тие информации на лесен и заигран начин.

Каде оди времето? Тоа се прашуваме секогаш кога славиме роденден. Па, тоа има врска со прашањето каде одиме ние. Следењето на местата на кои најчесто одиме и количината на времето кои таму ги поминуваме може да ни открие многу за самите нас, бидејќи така ги откриваме примероците на однесување кои инаку не би ги забележале. На пример, колку време сте поминале опупштајќи се во природа или уживајќи на некој културен настан? Овие податоци се клучни ако сакате да воведете нови новики или само да ги препознаете примероците во својот живот. Да погледнеме како можете тоа да го направите!

Како да ги откриете Значајните локации на својот iPhone

Со оглед на тоа дека обично секогаш имате iPhone со себе, тој може да ви даде генерален преглед. Најпрвин треба да ја овозможите таа опција, а потоа, во зафрлените агли на Поставките, ќе пронајдете резимиран преглед на тие информации. Опцијата на Значајна локација се употребува и за пружање на персонализирани услуги, како опцијата Спомени во Фотографиите, виџетите на Карти или предвидување на сообраќајот.

Едноставно е.

  1. Одете на Поставки > Приватност > Локациски услуги > Системски услуги > Значајни локации.
  2. Потврдете го својот идентитет со употреба на лозинка, Touch ID или Face ID.
  3. Вклучете го прекинувачот кај опцијата Значајни локации – кога прекинувачот е со зелена боја, ќе ги забележува вашите локации.
  4. Во одделот Историја можете да ја видите листата на градови.
  5. Допрете некој од нив за да го отворите табот со сите локации, наредени по зачестеноста на посетувањето.

Дали ве изненадува вкупниот број на локации кои сте ги посетиле во еден град? Дали се прашувате што воопшто сте правеле на некои од тие места? Листата е истовремено морничава и едукатуивна.

Ако ве загрижува сигурноста и приватноста на овие податоци, без грижа – криптирани се. Apple не може да им пристапи, а заштитетни се од воајерите со Face ID и Touch ID. Сепак, ако сакате, можете да се ослободите од тие податоци. Ќе ви објасниме како.

Како да ја отстраните Значајната локација од својот iPhone

Постојат два начина да ги отстраните значајните локации: можете да ги избришете сите со еден драстичен потег, или со хируршка прецизност да ги отстраните само избраните. Ако сакате да ја избрешете само избраната информација на било кое ниво на локациска историја, притиснете Уреди во горниот десен агол, и отстранете ги саканите елементи. Така можете да ја избришете поединечната посета на некое место или пак сите локации од еден кварт.

Исто така, можете целосно да го исклучите локациското следење на својот iPhone. Доволно е да го исклучите прекинувачот во поставките на Значајните локации. Меѓутоа, ако тоа го направите, ќе изгубите и некои други функции.

LifeCycle: Вашиот живот во кружен графикон 

Оваа едноставна и непретенциозна апликација ми е една од најдрагите на iPhone. Ми овозможува да го следам развојот на својот живот, преку чисти податоци и интуитивен интерфејс. Поставките и користењето се многу едноставни. Треба да ја инсталирате, да и допуштите пристап до вашата локација (секогаш) и потоа да ги запишувате податоците дневно или неделно. На почетниот екран можете да ги видите познатите локации, а за оние непознатите морате да ги дадете бараните информации (апликацијата ви нуди листа од која можете да бирате). Со паметен избор на активности, можете да следите колку време поминувате правејќои одредени работи. Постои и опција на додавање на белешки за активнсотите или делењето на локации. LifeCycle ги учи вашите навики и вашите омилени места, а по неколку недели користење, толку ќе се навикне на вашиот начин на живот, што речиси воопшто нема да бара дополнителни информации.

Статистичките податоци ја прават оваа апликација идеална за сите зависници од податоци. Можете да ги споредувате дневните/неделни, месечни и годишни графикони, да ги видите сите свои активности и времето потрошено на нив, а локациите се поредени по абецеден ред. Апликацијата работи во позадина, а програмерот тврди дека употребува помалку од 1 процент батерија дневно.

Платената верзија нуди создавање на сигурносни копии на мрежата и анализата на квалитетот на сонот, а чини 9,99 долари годишно, со 30 дена бесплатна trial верзија.

Преземете ја LifeCycle од App Store (iOS, бесплатна, содржи iAP)

Arc – елегантен дизајн и следење на движењата

Апликацијата Arc е добра алтернатива на LifeCycle.

Arc вклучува и следење на движењата и се смета за наследник на многу популарната апликација Moves, бидејќи ви овозможува да ја преземете историјата на Moves. Оваа апликација со време учи и ви нуди повеќе различни функции, како мерењето на калории и отчукување на срцето, споредба на траењето на посетата со просек, следење на висината и сл. Критиките се многу пофалба, а единствен минус е поголемата потрошувачка на батеријата поради следењето.

Преземете ја Arc од App Store (iOS, бесплатна, содржи iAP)

Како вие ги следите вашите активности и локации?

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.