imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да делите фајлови и документи помеѓу корисници на ист Mac компјутер


Еден Mac, повеќе корисници и делење на фајлови – зошто да не? 

Без нималку претерување, вложувањето во Mac не е евтино, па одлична работа е што целото семејство може да го користи истиот компјутер, благодарение на делениот пристап. Исто така, со истата опција може да се послужат и вработените на помала компанија.

Во тој случај е можно да се постават различни сметки за различни корисници, и тоа така секој да има сопствени фајлови и посебни поставки. Но, што кога различните корисници би сакале да им пристапат на истите фајлови? Постојат неколку можности за делење на документи без создавање на проблеми со пристапите.

Споделете го фолдерот помеѓу сите корисници на еден Mac

Без оглед на тоа која верзија на macOS ја користите или колку корисници употребува ист компјутер, сите тие имаат пристап до фолдерот Shared од самиот почеток. Тоа е наједноставен начин за споделување фајлови и документи помеѓу корисниците.

За да пристапите до тој фолдер, преку Finder одете на

  • Macintosh HD > Users > Shared

Тука можете да ги додавате или отстранувате кои фајлови сакате, и да им пристапувате на документите кои тука ги поставите други корисници. Меѓутоа, само корисникот кој таму поставил некој документ има право да го уредува или да го брише. Останатите можат само да го прегледуваат тој документ. Ако сакаат да ги уредуваат, мораат да го копираат, па да го залепат во своето корисничко подрачје, а по воведените промени, документот повторно да го вратат во фолдерот Shared.

Ставете ги фајловите во фолдерот Public за да можат сите да им пристапат

Како во случајот на фолдерот Shared, папката Public им е достапна на сите кои имаат macOS на своите компјутери. Се користи еднакво како и претходно опишаниот фолдер, само што во овој случај вие сте единствениот корисник кој може да додава и дели фајлови. Значи, делите само вие, не сите. За делење меѓу сите се употребува фолдерот Shared.

За да му пристапите на фолдерот Public, следете го следниот пат:

  • Macintosh HD > Users > [ВашеКорисничкоИме] > Public

Možete pristupiti i javnim mapama drugih korisnika, samo što ondje nećete moći ništa napraviti. Kako biste im pristupili, pratite sljedeći put:

  • Macintosh HD > Users >[КорисничкоЛицеНаЛицетоНаЧијФолдерСакатеДаМуПристапите] > Public

Уфрлете фајлови на сметката на одреден корисник на Mac

Ако сакате да му овозможите пристап на одреден корисник, но не на сите, употребете ја зададената опција Drop Box на делење (не апликацијата Dropbox).

Фолдерот Drop Box функционира како поштенско сандаче. Доволно е избраните фајлови да ги уфрлите во тој фолдер и „примателот” веднаш ќе може да им пристапи. Меѓутоа, во тој случај вие повеќе нема да можете да им пристапите на тие фајлови.

За да му пристапите на фолдерот Drop Box на било кој корисник и да споделите одредени документи, одете на:

  • Macintosh HD > Users > [КорисникСоКојСакатеНештоДаПоделите] > Public

За да му пристапите на својот Drop Box и видите што другите поделиле со вас:

  • Macintosh HD > Users > [ВашеКорисничкоИме] > Public > Drop Box

Овие три методи ќе ви овозможат да делите фајлови и документи со кои корисници и да сакате, а сите преку истиот Mac компјутер.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.