imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да ги користите новите гестови на iOS 13


Иако iOS веќе имаше поддршка за гестови со повеќе прсти, сега и гестовите со три прсти пристигнаа на мобилниот оперативен систем на Apple.

Со употреба на новите функции за поништување, враќање на поништеното, копирање и лепење полесно е да се работи со текстовите. А сега и конечно можеме да ја заборавиме онаа ужасна опција Shake to undo. Уште и некако функционираше на iPhone, но тресењето на iPad навистина изгледаше глупаво.

Новите гестови функционираат со веќе добро познатите функции на двоен допир и истакнување на текстот, како на iOS 13, така и на iPadOS. А употребата не може да биде поедноставна.

Како да ги извршите гестовите:

  • Copy – притиснете го екранот со три прсти.
  • Cut – два пати притиснете го екранот со три прсти.
  • Paste – направите гест со три прсти за да го зголемите погледот.
  • Undo – повлечете налево со три прсти.
  • Redo Undo – повлечете надесно со три прсти.
  • Shortcut menu – еднаш допрете го екранот со три прсти.

Кога успешно ќе искористите еден од наведените гестови, на врвот на екранот ќе ви се појави потврда.

iOS 13 моментно е достапен само во облик на бета верзија за програмери. Очекуваме дека јавната бета верзија ќе биде објавена на почетокот на јули, а конечната верзија ќе биде достапна во септември, како и досега.

Иако новата верзија донесува многу функции, ви советуваме да не ја инсталирате јавната бета верзија од љубопитност или забава. Бета верзиите со причина го имаат тоа име и секогаш имаат скриени проблеми. Поради тоа, топло ви препорачуваме да ја почекате финалната верзија. Меѓутоа, ако сепак сакате да си ја испробате среќата со бета верзијата, постапката е иста како и кај досегашните верзии.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.