imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да ги пронајдете GPS координатите со употреба на iPhone


Постојат многу апликации кои нудат услуги засновани на вашата локација. Но, дали би можеле да ја утврдите вашата точна позиција кога би требало?

Обично е доволно да се знае на аголот на која улица стоиме, но понекогаш е потребнно да се има попрецизни податоци за локацијата. GPS координатите на вашата позиција би можеле да бидат корисни во таков случај. Ќе ви покажеме три различни начини за брзо да ги најдете.

Ако не знаете што претставуваат овие низи на бројки, еве краток потсетник од географија. GPS координатите зависат од ширината и должината на дадената локација. Ширината е точка во однос на екваторот, а должионата во однос на мулти меридијанот, кој поминува низ Гринвич во Велика Британија.

Да погледнеме како можете да ја утврдите својата точна позиција!

Со употреба на апликацијата Apple Maps

За среќа, за ова не ви треба апликација од трета страна. Доволно е да го земете својот iPhone и да ја отворите апликацијата Apple Maps. По не толку добриот почеток, оваа апликација полека станува се подобра.

  • Отворете Apple Maps.
  • Допрете ја малата сина стрелка во горниот десен агол за да се лоцирате на мапата.
  • Допрете ја сината точка на мапата.
  • Кога ќе повлечете нагоре, ќе можете да ги видите своите точни координати.
  • За жал, не можете да ги копирате тие податоци, но лесно можете да ги проследите со употреба на опцијата за делење.

Ако сакате координати од некоја друга локација, на пример место на состанок, еве што треба да направите:

  • Цврсто притиснете ја мапата на местото на саканата локација за да ја означите.
  • Потоа извлечете го панелот со информации и таму побарајте ги точните координати на избраната локација.

Со употреба на апликацијата Компас

Постои уште едно зададено решение во iOS. Се работи за апликацијата Компас, која има некои предности и мани за решавање на овој проблем. Предност е што можете да ги копирате податоци, но мана е што само вие можете да ги видите тие координати. Се што ви треба е:

  • Отворете ја апликацијата Компас.
  • Почекајте системот да се калибрира.
  • Цврсто притиснете ги своите координати.
  • Изберете Копирај кога ќе се појават опциите.

Со употреба на Google Maps

Ако не му верувате на Apple дека ќе ја пронајде вашата точна позиција, и сакате да се држите до добрите стари Google мапи, и оваа апликација може да ви ги даде саканите информации.

  • Отворете ја апликацијата Google Maps.
  • Лоцирајте се на мапата или изберете ја саканата локација и означете ја со подолгон притискање на прстот.
  • Повлечете го панелот со информации од долу (како во случајот на Apple Maps), и таму ќе ги пронајдете координатите на избраната локација.
  • Тука лесно можете да ги копирате и да ги поделите со било кого.

Треба да додадеме една работа. Ако ги имате координатите кои сакате да ги пронајдете на мапа, копирајте ги и залепете ги во лентата за пребарување во Apple или Google Maps. Допрете Search и веднаш ќе го пронајдете бараното место на мапата.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.