imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да го исклучите GPS на вашиот iPhone


Иако не троши многу енергија и можете да го прилагодите во секоја апликација, понекогаш дефинитивно сакате да побегнете од сателитите кои будно го следат секој ваш чекор. Ќе ви покажеме како тоа да го направите!

Многу мои пријатели кои се корисници на iPhone ми го поставуваат ова прашање: „Каде може да се исклучи GPS?”. Обично им го давам следниот одговор: „Зошто би сакале да го исклучат?” – затоа обично следи помала расправа за прилагодување во различните апликации, или за тоа како да се заштеди батерија и сите други бесмислени работи кои се однесуваат на неговото исклучување.

Сметам дека е непотробно во целост да се исклучи GPS, но прифаќајќи ја волјата на масата, ќе поделам совет со вас за тоа како да се исклучат Услугите за локација. Значи, нема да се исклучи само GPS, туку и WiFi, Bluetooth и обидите кои се темелат на лоцирање преку базните станици.

Сепак, би требало да имате на ум дека оваа поставка ќе влијае на Apple Watch и дека некои апликации би можеле да станат целосно бескорисни без Услугите на локација (на пример, апликациите за навигација). Во случај и натаму да сакате да го исклучите, треба да го направите следното:

  • Одете на Поставки > Open Privacy.
  • Притиснете ја Услугата на локација.
  • Исклучете ја функцијата со помош на прекинувачот.

Во случај да ја отворите апликацијата која сака да ја употреби вашата локација, ќе се појави прозорец кој ќе ве потсети дека сте ја исклучите таа функција.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.