imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да го изберете уредот што ќе ги мери вашите чекори во Health?


„Ако не можете да го измерите, не можете да го подобрите”, оваа изрека можете (и требате) да ја применувате на секој дел од вашиот живот. Повеќе не ви требаат тетратка и пенкало да ги следите вашите фитнес активности, имате iPhone и Apple Watch.

Бидејќи почнав да го користам Apple Watch за да се мотивирам да одам на трчање секое утро, запловив во водите на следење на здравјето и броењето на чекори. Ова го открив:

Секој чекор е битен

Штом почнете да мислите за следење на здравјето, сфаќате дека постои многу различни но, зошто и како прашања кога зборуваме за мерењата. Да почнеме со основното. Што е чекор и како да се измери? „Само стави ја едната нога пред другата”, можеби би одговориле, но што ако одам во место? Во наведениот случај, мерењето на пример на помината далечина би било целосно неточно.

Разликата може да биде до дури 20 проценти, како што забележа Walgman на Reddit:

(Јас и мојата девојка) заедно одиме на прошетка и ги проверуваме податоците кога ќе се вратиме дома. Моите велат 8 км, додека нејзините 10 км. Дури ставив и Apple Watch во секој џеб и резултатите се секогаш исти. Секој пат, без исклучок, таа поминува 20 проценти повеќе.

Исто така, постои и проблем со мерачите. Ако не го носите секогаш iPhone со вас (на пример, додека чистите или одите низ станот), бројот на чекори кои можете да ги следите може да биде помал од реалниот. Вашиот Apple Watch постојано е на вашиот зглоб, но неговите мерења можат да бидат погрешни ако премногу мавтате со рацете, на пример додека перете садови.

Променете го редоследот на изворите

За да добиете прецизно мерење на вашите чекори, можете да приотизирате кои уреди бројат чекори, а при тоа можете и подлабоко да нурнете во подесувањата на Health апликацијата. Има смисла да ги подесите по редослед од најдоверливиот кон најнедоверливиот, на пример, од Apple Watch до iPad. Немојте да се грижите, Health апликацијата не може автоматски да го промени редоследот на уредите, па нема да ги загубите драгоцените чекори.

  • Отворете ја апликацијата Health на вашиот iPhone.
  • Одете на Health Data на дното на вашиот екран.
  • Пронајдете Steps in the Today или изберете Activity и повлечете надоле до полето Steps
  • Изберете Data Sources & Access

На прво мести можете да ја видите листата на апликации кои можат да ги читаат податоците. Под Data Sources можете да ги видите сите уреди на кои им е дозволено да и праќаат податоци на Health апликацијата- Редоследот на овие уреди одлучува кој ќе биде избран да ги чува податоците.

Како да го промените овој редослед?

  • Pritisnete Edit од горната десна страна.
  • Повлечете ги вашите уреди горе или долу за да го промените нивниот приоритет.
  • Притиснете Done и вашата Health апликација ќе биде малку подобро организирана.

Од сега, вашите чекори ќе бидат мерени со уредот на врвот на листата, ако се достапни неколку. Немојте да се грижите за неточните резултати кои ги споменав на почетокот на текстот. Како што напиша авторот од CNET.com:

Можеби најбитниот заклучок е дека прецизноста на уредот не е толку битна, колку што е битна конзистентноста. Ако користите само еден уред, и неговите податоци се разликуваат околу 5 проценти секој ден, барем ќе имате дневно следење на вашиот напредок во однос на вашите претходни перформанси.

Ако сакате мој личен совет, одвојте го размислувањето за перформансите од самите перформанси. Можеби понекогаш е интересна менталната вежба да размислувате за алгоритамот за мерење на чекорите, но често е доволно да им верувате на броевите кои ги гледате на вашиот уред и потрудете се да бидат секој ден подобри.

Дали ги следите вашите чекори? Дали сте се сретнале со некои проблеми за кои пишував погоре?

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.