imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да го напуштите групниот разговор во iMessage на iOS


Убаво е да се има социјален живот, но тоа понекогаш може да биде напорно. Ќе ви покажеме што да направите ако ви е доста од читање на разговорите на Вашите пријатели/роднини/колеги во iMessage.

Можностите кои ви ги пружаат групните разговори во iMessage и FaceTime (групните разговори во FaceTime се можни со iOS 12) навистина се корисни за работата, но и приватно. Меѓутоа, во одредени ситуации посакувате да ги напуштите таквите разговори, на пример ако повеќе не ви се важни или интересни.

 

Ако пробате едноставно да го избришете разговорот, тоа нема да ви помогне бидејќи ќе останете „претплатени“ на тој канал и ќе продолжите да ги примате сите пораки. За среќа, постои опција лесно да го напуштите разговорот по „официјален“ пат, а еве и како:

  • Отворете ја апликацијата Messages.
  • Изберете разговор.
  • Ако имате iOS 11 или претходните верзии, кликнете на иконата „i“ во горниот десен агол на екранот.
  • Ако имате iOS 12, допрете ги аватарите на учесниците во разговорот за да отворите повеќе детали, а потоа допрете го „i“.
  • Одете подолу до опцијата „Напушти го овој разговор“ (напишана со црвена боја).

Тоа е се. Отсега повеќе нема да примате пораки од таа група.

Напомена: Од некоја необјаснива причина можете да го напуштите разговорот само ако во групата има минимално четири учесници.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!