imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да го вклучите и исклучите True Tone во iOS и macOS


Сега кога дисплеј технологијата на Apple е достапна за новиот MacBook, да видиме како може да се активира или деактивира функцијата…

True Tone е всушност прекар за една доста практична технологија на екранот која дебитираше во 2016 година со пристигнувањето на iPad Pro. Оттогаш, iPhone уредите исто така ја добија функцијата, а сега со сосема новите MacBook Pro модели, Apple ја дефинира функцијата како следна:

True Tone користи напредни повеќеканални сензори за да ја прилагодат бојата и интензитетот на вашиот екран да одговара на амбиенталното светло, така што сликите изгледаат поприродно.

Верувам дека дефиницијата е сосема јасна, главната поента е дека True Tone ја прилагодува осветленоста според околната светлина и сликите на екранот изгледаат поприродно за Вашите очи. Сепак, функцијата бара да го штиклирате полето за ‘Автоматско прилагодување на осветленоста’; и за некои дисплеј поставки за пристапност, на пример Invert Colors, Grayscale и Increase Contrast може да го исклучите True Tone. За среќа, тоа лесно можете да го направите за двата система.

macOS

  • Одете во System Preferences > Displays
  • Штиклирајте го полето веднаш до True Tone

iOS

  • Одете во Settings > Display & Brightness
  • Исклучете го ‘True Tone’ прекинувачот (лоциран под слајдерот каде што можете да ја подесите осветленоста)

Следните уреди го поддржуваат True Tone:

  • iPhone X
  • iPhone 8
  • iPhone 8 Plus
  • iPad Pro (12.9-инчи 2. генерација)
  • iPad Pro (10.5-инчи)
  • iPad Pro (9.7-инчи)
  • 2018 MacBook Pro 13-инчи со Touch Bar
  • 2018 MacBook Pro 15-инчи со Touch Bar

Забелешка: Помеѓу надворешните дисплеи кои можат да се поврзат со новите MacBook Pro модели, TrueTone поддржуваат 4K и 5K верзиите на LG UltraFine и Apple Thunderbolt Display.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.