imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да го вклучите начинот на заштеда на енергија за Workouts на Apple Watch


Сакате да вежбате, но батеријата на вашиот Apple Watch е речиси празна? Не се грижете, нема да морате да се откажете од затворањето на вашите кругови!

Разбирливо, апликацијата Workouts на вашиот Apple Watch троши многу батерија, бидејќи непрестано го користи сензорот за мерење на отчукувањето на срцето и GPS (во случај да е вклучен во вашиот Apple Watch). Не постои апсолутно никаков проблем во тоа се додека не ви се закани опасност поради тоа да не можете да ги извршите вашите вежби со часовникот.

За среќа, прилично е едноставно да се вклучи тн. начин на заштеда на енергија, благодарение на кој Watch ги брои согорените калории со пониската потрошувачка на енергија. Иако може да се случи измерените податоци да не бидат толку прецизни, и секако морате да се поздравите со следењето на отчукувањето на срцето и GPS. Тоа и не е толку лош компромис, зарем не.

  • Отворете ја апликацијата Watch.
  • Побарајте го Workout.
  • Префрлете го начинот на заштеда на енергија на врвот.

Напомена: Тоа нема да влијае на надворешните Bluetooth уреди за следење на отчукувањето на срцето.

Извир: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.