imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да ja персонализирате апликацијата Dictionary на Mac


Однапред инсталирана на сите Mac компјутери, апликацијата Dictionary е секојдневниот јунак од сенка. Во комбинација со функцијата „Look up“, осетно се олеснува учењето на новите зборови и како правилно да ги употребите. Да погледнеме како можете да го персонализирате речникот на Mac за да извлечете максимум од него.

Apple ја претстави својата апликација Dictionary со OS X 10.4 Tiger, уште во 2005. година. На почетокот се нуделе дефиниции од речникот New Oxford American Dictionary и дополнителни информации од речникот Oxford American Writer’s Thesaurus, Wikipedia и базите на податоци на термини врзани со Apple. Одвреме навреме се додаваа нови речници, па оваа апликација денес брои над 30 извори.

Најдобрите функции

Апликацијата Dictionary има се што ви треба на едно место, но нејзината најголема предност е што не треба да ја отворате за да им пристапите на информациите кои ги содржи. Најлесно е да и се пристапи со притискање на десното копче на маусот. Изберете било кој збор во било која апликација во која работите, кликнете го десното копче на глувчето и одете на „Look up“.  И тоа е тоа – веднаш ќе добиете дефиниција на некој збор. Самата апликација е исто така едноставна и лесно простува: ќе се потруди да дешифрирате кој збор го барате, без оглед на тоа колку погрешно сте ја напишале, и во речиси во сите случаи ќе ви понуди вистинска дефиниција. Исто така, можете да кликнете на речиси сите зборови во речникот, и така веднаш да ги побарате нејзините синоними и дефиниција.

Една корисна информација: вашиот Mac има и систем за исправување текст кој го покрива целиот систем. Можете да додадете посебни речници за проверка на текстот на macOS или пак да додавате сопствени зборови за кои не сакате системот да ги исправа. Меѓутоа, систем за исправање теккст и Речникот се две различни работи, а Речникот можете да го персонализирате на неколку начини. Да погледнме како да активираме дополнителни речници, да го промениме нивниот редослед или да им дадеме посебни имиња, и како да воведеме посебни речници.

Активирање на дополнителни речници

Ако сте помеѓу 3,5 милијарди луѓе во светот кои течно зборуваат два или повеќе јазици, сигурно ќе сакате да додадете повеќејазични речници на својот Mac. Дури и ако се уште не знаете два јазија, додавањето на повеќе различни речници сигурно ќе ви помогне во учењето. Најпрвин проверете што веќе имате инсталирано: стартувајте ја апликацијата Речник и кликнете на табот AI за да ги видите сите инсталирани речници. Ако сакате да  преземете дополнителни речници директно од апликација:

  1. Одете на Dictionary > Preferences.
  2. Помеѓу понудените речници изберете ги сите кои сакате да ги инсталирате.
  3. Во долниот лев агол ќе видите лента која го покажува напредокот на инсталацијата.
  4. Кога постапката ќе се доврши, можете да излезете од табот Preferences.
  5. Сите свежо додадени речници ќе ги видите во табот AI на главната апликација.

Кога ќе ги изберете и преземете сите сакани речници, можете да им го промените редоследот, така што оние кои најчесто ги користите да бидат на врвот при прикажувањето на дефиницијата. Тоа можете да го направите во Dictionary > Preferences, така што едноставно ќе го разместите поредокот со повлекување на поедините ставки.

Персонализирање речници

Некои од вклучените речници имаат дополнителни опции врзани за јазикот. На пример, Wikipedia ви овозможува да пребарувате извори на повеќе јазици. Отворете Preferences и кликнете на Wikipedia, а потоа изберете го саканиот јазик. Оваа функција често е занемарена, а може да биде многу корисна кога се работи за зборови кои се однесуваат на културолошките или историски контексти.

Уште повеќе, ако сакате, можете да ги промените и имињата на речниците. Тоа може да ви го олесни нивното користење. За тоа д аго направите, доволно е со десното копче на маусот на кликнете на речникот во менито и да изберете „Edit Label“. Внесете ново име и притиснете OK за да потврдите.

Додавање персонализирани речници

Ако ви треба речник кој не можете да пронајдете помеѓу зададените опции, ќе треба да пронајдете надворешно решение. Таквите посебни речници лесно можете да ги воведете во апликацијата, под услов да ги пронајдете. Апликацијата Речник может да чита само *.dictionary фајлови. Тоа значи дека морате да му најдете на речникот фајл за саканиот јазик (или да го конвертирате најдениот фајл во бараниот формат). За жал, многу малку интернет страници нудат речници за преземање. Можете да пробате со страницата на Michel Clasquin-Johnson, кој веќе подготвил многу такви *.dictionary фајлови. Сепак, и самиот признава дека не се сите фајлови еднакво квалитетни, а не може да ја провери нивната точност. Сепак, тој ги нуди речиси сите европски јазици, најпопуларните азиски јазици и три адрикански. Ако ви треба јазик кој не се наоѓа на таа страница, пробајте да го пронајдете преку Google или посегнете по решение кое се плаќа (на пример, Dictionaries za Mac). Кога ќе стигнете до саканиот речник, самата инсталација во апликацијата Dictionary е многу едноставна.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.