imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да креирате посебен фолдер за вашите кратенки


Апликацијата Shortcuts пружа одличен начин да ги поедноставиме и автоматизираме секојдневните задачи на нашите iPhone и iPad уреди и така поефикасно да управуваме со своето време. Ако и вие сакате оптимизирање, сигурно ќе ве интересира како сите свои кратенки да можете да ги имате складирани на едно место.

Со лансирањето на iOS 12 минатиот септември, Apple ја лансираше и новата апликација Shortcuts. Добро, технички не се работи за нова апликација. Shortcuts е всушност обновена, побрза и подлабоко интегрирана верзија на Workflow.

За што е добра апликацијата Shortcuts?

Времето е драгоцено и штета е да се троши на секојдневни репетитивни задачи кои лесно можеме да му ги препуштиме да ги извршува на својот уред. За тоа служи апликацијата Shortcuts. Она ви овозможува да изработите сопствени кратенки со поврзување на задачите преку повеќе апликации. На пример, кога одите дома после работа, така можете да го пронајдете најбрзиот пат, да му го испоратите проценетото време на доаѓање на својот партнер и да стартуваме омилен подкаст. И сето тоа со само еден допир.

Одлична работа кај оваа апликација е дека не треба да создавате кратенки од нула. Можете да ги бирате од галеријата апликации или да ги преземете од низа онлајн репозиториуми. Сепак, Shortcuts работи и со вашите омилени зададени апликации, вклучувајќи ги Contacts, Calendar, Maps, Music, Photos, Camera, Reminders, Safari, Health и сите апликации кои поддржуваат Siri Shortcuts.

Каде да се пронајдат?

Сите ваши кратенки се организирани во галеријата на апликацијата Shortcuts. Но, што ако сакате да бидете уште поефикасни и сите да ги наброите со помош на друга кратенка, која е достапна преку Siri, почетниот екран или виџет? Веројатно мислите дека тоа е предизвикувачки потфат, но всушност се работи за многу едноставна процедура.

Потребен ви е само Easy Folder

Easy Folder не е вистински фолдер, туку обичен текстуален фајл складиран на вашиот iCloud Drive со листа на кратенки кои сакате да ги видите во облик на мени. Во принцип, се работи за виртуелен фолдер во кој можете да ги додадете сите свои кратенки и побрзо да изберете кои сакате да ги покренете.

За да креирате Easy Folder:

  • Посетете ја страницата за преземање на iCloud на својот iPhone или iPhone со iOS 12 или понова верзија.
  • Притиснете го синото копче Get Shortcuts. (Ако системот ве праша дали сакате да го отворите фолдерот во апликацијата Shortcuts, притиснете „Open“.)

Така ќе го воведете Easy Folder во својата библиотека во апликацијата Shortcuts и сега сте подготвени да додавање на сите или избраните кратенки.

За да ги додадете кратенките во Easy Folder:

  • Притиснете ја иконата Library во долниот десен агоил и отворете го Easy Folder.
  • Притиснете „Edit“, а потоа „Add“.
  • Изберете ги кратенките кои сакате да ги видите наброени во менито на Easy Folder.

Од сега, со отворање на Easy Folder ќе ги видите сите кратенки кои сте ги додале. Тука можете да ги изберете оние кои сакате да ги извршите – така многу полесно ќе им пристапите на кратенките кои почесто ги користите.

Ако сакате да отстраните некоја кратенка од листата:

  • Допрете „Edit“, а потоа „Remove“.
  • Изберете ги кратенките кои сакате да ги отстраните, а потоа притиснете “Done”.

Следниот пат кога ќе го отворите Easy Folder, ќе виидте дека отстранетите кратенки повеќе не се на листата, но и натаму се подготвени во библиотеката на апликацијата Shortcuts.

Персонализирајте го својот Easy Folder

Како кратенките, и вашиот Easy Folder можете лесно да го уредите за да им одговара на вашите лични преференци. За почеток, отворете ги поставките:

  • Отворете ја апликацијата Shortcuts.
  • Притиснете ја иконата на библиотеката во долниот десен агол.
  • Притиснете три точки во горниот десен агол.
  • Тука ќе го пронајдете копчето Settings во горниот десен агол.
Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.