imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да откриете дали да ја замените батеријата


Опцијата Здравје на батеријата вградена во iOS исто не е лошо решение, но постои и малку попрофесионална апликација. Допуштете ни да ја претставиме!

Ако возите, знаете дека повремено морате да замените масло. Истото вреди за батериите во мобилните уреди. Тоа е работа на одржување, бидејќи батериите на полнење се потрошна стока и со време ја губат ефикасноста. Секако, најважно е прашањето што тоа значи повремено.

За среќа, iOS ви дава основни информации за тоа: само одете на Поставки > Батерија > Здравје на батеријата. Ако сакате да видите повеќе од основните податоци, во тоа може да ви помогне coconutBattery.

За да ја употребите оваа бесплатна апликација за Mac, поврзете го својот iPhone преку USB кабел со компјутерот. По неколку секунди ќе го видите следното:

  • Постоечката наполнетост во mAh.
  • Капацитетот на целосна наполнетост во mAh.
  • Дизајнираниот капацитет во mAh.
  • Бројот на полнења на уредот.

Според официјалните упатства на Apple, нормалната батерија е дизајнирана да задржи 80 проценти од изворниот капацитет при 500 циклуси на полнење, кога работи во нормални услови. Земјаќи ги во предвид овие информации, лесно можете да заклучите дали е време да ја замените својата батерија.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.