imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да пишувате на атачмент фајловите во е-пошта на iOS


Дали сте знаеле дека на својот iPhone и iPad можете да ги анотирате атачментите од електронска пошта во апликацијата Mail? Додавајте цртежи, дигитални нацрти, прозорци за зголемување на прегледот или дигитални потписи, сето тоа едноставно и брзо, благодарение на вградената алатка за обележување.

„Сликата вреди илјада зборови“, вели познатата поговорка. Тоа посебно вреди во дигиталниот свет. Секогаш е полесно да се опишат работите со слика отколку со зборови, најмногу кога се работи за е-пошта и атачменти на вашиот iPhone.

Што е Markup?

Markup е алат кој е дел од мобилниот оперативен систем iOS 9, но со iOS 12 додадени му се многу нови можности. Иако е неверојатно корисен, го користат многу мал број корисници, било затоа што не знаат дека постои или затоа што не знаат како да му пристапат. Овој алат ви овозможува брзо и лесно да цртате и пишувате по атачмент фајловите кои ќе ги добиете во пораките на е-пошта во апликацијата Mail, како фотографиите и PDF фајловите. Може да ви биде посебно корисен кога сакате да нагласите посебни детали, да истакнете дел од фотографија или да додадете коментар, пред да го испратите атачментот. Освен во апликацијата Mail, овој алат за обележување може да се употребува и во апликациите Messages, Photos и Notes.

Како да му се пристапи на алатот за обележување?

Кога ќе добиете мејл порака со атачмент, без разлика дали се работи за скриншот, фотографија или PDF, можете да го означите со овој алат.

Доволно е да:

  1. Отворите порака на е-пошта со атачмент кој сакате да го означите.
  2. Допрете ја сликата или PDF фајлот.
  3. Потоа допрете ја иконата за уредување во горниот десен агол.
  4. Ќе се отвори интерфејс за означување, кој нуди неколку опции.

Цртање, пишување и додавање форми

Кога ќе го отворите интерфејсот на овој алат, можете да бирате помеѓу неколку алати за уредување. Изберете пенкало, маркер или обично моливче, потоа боја и почнете да цртате. За да ја промените дебелината на линијата или прозирноста на бојата, повторно притиснете го тој алат. Можете да бирате помеѓу шест основни бои или да ја допрете иконата за разни бои за да бирате помеѓу повеќе нијанси.

Освен овие три алати за пишување, на долната страна на интерфејсот ќе најдете гума за бришење и алат со кој можете да ги поместувате нацртаните форми. Само означете го обликот кој сакате да го преместите и одвлечете го на ново место.

Ако сакате да додадете облик како круг, балон за говор или стелки, допрете ја иконата + во долниот денес агол. Така ќе ги отворите дополнителните алати. Изберете ја саканата форма и прилагодете и ја големината, обликот и положбата на сликата со поместување на сините точки со кои е означена. Опцијата “Текст” ви овозможува уфрлање на текст, а “Потпис” е опција за вметнување на вашите иницијали. На крајот, опцијата “Лупа” ви пружа нов начин на нагласување на различните делови на документите со зголемување.

Готово и испрати

Кога ќе завршите со уредувањ на атачментот, притиснете OK во горниот лев дел на интерфејсот. Можете да изберете дали сакате да почнете нова порака или да одговорите на постоечката, или пак да ги отфрлите сите промени кои сте ги направиле на атачментот. Уредениот фајл автоматски ќе се приложи на нацрт пораката на e-пошта и можете да продолжите со пишување на пораката. Кога сте готови, притиснете “Испрати” и вашата порака со уредниот атачмент ќе биде испратена!

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.