Apple Watch не е корисен само кога сте активни, туку и кога спиете. Да погледнеме како можете да наместите аларм на паметниот часовник на Apple.
Сите кои веќе имаат Apple Watch сигурно наишле на функцијата аларм, иако добар дел од корисниците веројатно не знаат дека часовникот може да се користи и за тоа. Меѓутоа, оваа функција има предности и недостатоци. Една од предностите е дека нема да ве разбудат агресивни звуци, туку часовникот нежно ќе вибрира на вашиот зглоб. Исто така, ако веќе спиете со часовникот на рака, можете да ги следите и своите навики на спиење.

Од друга страна, ако ја користите оваа функција, радниот ден ќе морате да го почнете со полнење на својот часовник, бидејќи едвај може да преживее два полни дена на едно полнење.
Еве како можете да ја оставите оваа функција.
- Притиснете ја Дигиталната круна.
- Допрете ја иконата на алармот.
- Притиснете Add Alarm.
- Поставете го саканото време со вртење на круната.
Ако два пати ја притиснете Дигиталната круна, ќе се вратите на Watch Face. Во случај да не сакате да пишувате на малиот екран, можете да и кажете на Siri сето тоа да го направи за вас. Еве како тоа ќе го направите – притискајте ја Дигиталната круна и речете: Set an alarm for 8 am. Ете, толку е едноставно.