imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да проследите iMessage и SMS пораки на iOS


Копирањето на iMessage или SMS пораки за да можете да ја залепите, па проследите е исто како да правите скриншот со камера. Ќе ви покажеме како елегантно да ја проследите пораката.

Кога се работи за комуникација со е-пошта, сосема е вообичаено да проследите некоја порака. Веќе некое време, неформалните разговори се префрлија во разните услуги за допишување, но порасна потребата за проследување пораки без copy-paste методот.

За среќа, апликацијата Пораки во iOS е подготвена да ја исполни таа задача, па ќе ви покажеме како тоа да го одработите, било да се работи за SMS или iMessage пораки:

  1. Отворете ја апликацијата Messages и изберете го разговорот од кој сакате да ја проследите саканата порака.
  2. Лесно допрете и држете ја пораката која саката да ја проследите.
  3. Притиснете Повеќе…
  4. Ќе видите дека од левата страна на секоја порака ќе се прикажува квадратче за означување – така изберете ја пораката или пораките кои сакате да ги проследите.
  5. Кога тоа ќе го завршите, допрете ја иконата на стрелка во долниот десен агол, внесете го контактот и притиснете го копчето за испраќање.

Елегантно и едноставно, баш како што сакаме!

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!