Се кладам дека не сте знаеле како ова да го направите, иако е доволен само еден допир.
Апликацијата Calendar со години напредуваше и добиваше нови функции, за кои веројатно не ни знаете дека постојат. Денеска со вас ќе споделам една таква, и одиме директно на работата: можете да поставите потсетници прецизни во минута во зададената апликација Calendar.
Кога ќе ја отворите апликацијата и ќе тргнете да додадете нов настан во некој датум, можете да поставите почеток и крај на бројчаникот, а на располагање ви се интервали од пет минути. Инаку не е вообичаени некој да планира состанок во 10:42 h, но секогаш постојат и такви потреби.

Значи, се што треба да направите е два пати да кликнете на денот на одржување на настанот и ќе ви се појави поделба на часот на минути.