imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да се креира macOS Mojave драјв за инсталација кој може да се бутира


Секогаш може да биде корисно да се има USB драјв со најновиот оперативен систем…

Има многу причини да имате при рака USB драјв со оперативен систем. На пример, тука е опцијата за чиста инсталација. За среќа, со употреба на Terminal, за тоа не ви се потребни апликации од трети страни, а ние ќе ви покажеме како. Имајте на ум дека со следните чекори ќе ги отстраните сите постоечки податоци од USB драјвот.

  • Преземете го macOS Mojave преку Mac App Store.
  • Кога програмата за инсталација автоматски ќе се покрене, прекинете го процесот.
  • Влезете во фолдерот Applications каде се наоѓа апликацијата macOS Mojave – тоа е практично програма за инсталација.
  • Притиснете ја десното копче на маусот и изберете Show package Contents, а потоа отворете Contents и потоа Resources.
  • Отворете нов прозорец во Terminal и внесете

sudo

  • Без притискање Return, притиснете Space и повлечете го и испуштете го фајлот createinstallmedia од фолдерот Resources во отворениот прозорец на Terminal.
  • Без притискање Return додајте

-volume

  • А потоа Space.
  • Поврзете го USB драјвот со компјутерот.
  • Повлечете и спуштете ја иконата на USB драјвот во прозорецот на Terminal.
  • Притиснете Return, a potoa „y“, и потврдите дали сакате да ја избришете целата содржина на USB драјвот.
  • Причекајте процесот да се доврши и тоа е тоа.

Овој процес може да бара инсталација на алатката Command Line Developers во текот на процесот.

Ако сакате да го инсталирате својот систем од последниот креиран драјв за инсталација, се што треба е да притиснете Option веднаш по повторното стартување на компјутерот и да го изберете USB дрјавот во кој сакате да го инсталирате новиот систем.

Еве краток видео туторијал.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.