imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да се постави боја на позадината во Pages


Дозволете ни да ви обезбедиме мал водич за новата иновација во Pages. Поставете боја на позадината на вашите документи, бидејќи повеќебојното е новото бело!

Вистината е дека ретко ни треба повеќе од бела позадина, но во случај таква идеја да ви падне на ум, тоа лесно можете да го направите во Pages. Ова не беше секогаш случај, зборуваме за сосема неодамнешна функција што во месец јуни дојде до уредникот. Сепак, функцијата не е толку лесно да се најде, па ајде да го погледнеме водичот.

Најпрвин, мора да го смените вашиот документ во Page Layout режим. Општиот стандард е ‘word processing’ режимот, каде што текстот автоматски тече на последователни страници, откако ќе стигне до крајот на претходните страници. Во повеќето случаи, тоа е она што ни е потребно.

Сепак, понекогаш ни треба поголема контрола врз дизајнот на дадениот документ. Ова се случаите кога Page Layout е многу корисен, кој е практично празна платформа каде што треба рачно да додавате текстуални рамки, фотографии и други содржини. Можете да поставите само позадина во Page Layout режимот.

Гледате ли колку е убава?
  • Отворете нов документ (Page Layout режим)
  • Отворете ja страничната лента Document со притискање на иконата во горниот десен агол на toolbar (лентата со алатки)
  • Деселектирајте го ‘Document Body’
  • На прозорецот што се појавува, притиснете ‘Convert’ (Забелешка: конвертирањето ќе го отстрани телото на документот, ете зошто тоа треба да го направите со нов документ)
  • Потоа, одете во ‘Format’ менито, сега ќе го видите Page Layout насловот во страничната лента, и под неа опциите за поставување на позадината, како што се пополнување на боја, пополнување на слика или пополнување на градиент.

Извор: 9to5Mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.