imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да снимате повици преку FaceTime


Без нималку претерување, состаноците во живо и одењата на кафе неодамна ја заменија брзите мобилни и видео повици. И барањето така да се продолжи е сосема на место.

Постојат неброено многу опции за видео повици: имате Skype, Messenger, Viber и цела низа други услуги. Но, ако прашате било кој корисник на уредите на Apple, дефинитивно ќе се одлучи за зададените решенија. И тоа со добра причина…

Кога Steve Jobs ја најави оваа функција за iOS и macOS, дури ни тој не веруваше дека оваа услуга крие некој посебен потенцијал. На почетокот беа поддржани само видео повиците, а подоцна се додадени и класичните, аудио повици. А потоа со доаѓањето на iOS 12, максималниот број соговорници е зголемен на 32 лица.

Веднаш беше јасно дека решението на Apple би можело да го симне од тронот владеачкиот Skype, кого корисниците малку го мрзеа бидејчи беше злогласно проблематичен и склон кон уривање. Сепак, само корисниците на Apple можеа да уживаат во таквите благодети, бидејќи нивната услуга е ексклузивна и функционира исклучиво на iOS и macOS уредите. Меѓутоа, и денес е исто толку популарна и крие бројни, се уште неоткриени можности.

Без оглед на тоа која платформа ја преферирате, следниот трик ќе ви овозможи да ги снимите и одново да уживате во најубавите повици, кога и да посакате.

Снимање повици преку FaceTime на Mac

  • Стартувајте ја апликацијата FaceTime на Mac и почнете повик.
  • Отворете ја апликацијата QuickTime Player (ако тоа не е вашиот зададен видео прегледник, можете да го најдете преку Spotlight Search).
  • Во горното мени, изберете File > New Screen Recording. Така е, практично ќе го снимате својот екран.
  • Пред да почнете да снимате, можете да изберете извори на звуци.
  • Ако уште не сте почнале да снимате, во средина на апликацијата Quick Time ќе биде прикажана црвена точка. Кога ќе го отворите паѓачкото мени поктај неа, можете да го изберете примарниот извор на звук. Тоа може да биде вградениот микрофон во вашиот компјутер или некој поврзан уред, како AirPods или други слушалки. Всушност, можете да употребите и Apple TV.
  • Откако ќе изберете извор на звук, ви преостанува само да кликнете на црвената точка и да почнете да снимате.
  • Потоа QuickTime ќе ве праша кој дел од екранот сакате да го снимите. Ако кликнете само еднаш, ќе го опфатите целиот екран. Но, ако кликнете и продолжите да го држите притиснат тракпадот, можете лесно да изберете било кој дел од екранот. Нема проблем ако се предомислите – само притиснете Esc пред да почнете да снимате и повторно изберете го саканиот дел од екранот.
  • Почнете да снимате.
  • За најдобри резултати зголемето го прозорецот на FaceTime.
  • Кога ќе го довршите повикот, сопрете го снимањето со притискање на иконата Stop во горното мени од десната страна.

Потоа QuickTime автоматски ќе ја стартува снимената содржина. Немојте да заборавите да ја снимите пред затворањето на апликацијата (File > Save…).

Снимање на повици преку FaceTime на iPhone и iPad

Тука имате повеќе опции. Една е прилагодена верзија на методот опишан за Mac. За тоа е потребно својот iPhone или iPad да го поврзете со Mac преку Lightning кабел. Во спротивно, овој трик нема да функционира.

  • Поврзете го мобилниот уред на Mac.
  • Стартувајте го QuickTime и овој пат одете на File > New Movie Recording.
  • Ќе се отвори нов прозорец, кој автоматски ќе ја користи камерата вградена во Mac.
  • Сега одете на паѓачкото мени покрај црвената точка и тука изберете која камера сакате да ја употребите. Поставете iPhone или iPad, а потоа изберете го изворот на звукот.
  • Потоа можете да почнете повик на FaceTime.
  • Копчето Stop се наоѓа во самиот прозорец, а не во паѓачкото мени како во претходно наведениот случај.
  • Кога ќе го довршите повикот, снимете ја снимката и излезете од апликацијата.

Дополнителен свет: овој метод можете да го употребите за снимање на било која содржина на iPhone и iPad.

Меѓутоа, ако сакате да го прескокнете делот со користење на Mac, Apple овозможи корисниците на iOS 11 и поновите оперативни системи да можат лесно да ги снимате екраните на своите уреди.

За да го снимите екранот во текот на повикот, направете го следното:

  • Oвозможете Screen Recording во Контролниот центар. Одете на Settings > Control Center > Customise Controls, а потоа овозможете го Screen Recording.
  • Кога ќе го отворите Контролниот центар, опцијата ќе биде достапна на дното.
  • Со допир на иконата ќе го стартувате одбројувањето и снимањето на екранот.
  • Можете да почнете повик преку FaceTime.
  • За да го сопрете снимањето, допрете ја црвената лента на врвот на екранот (или малиот црвен балон околу часовникот во случајот на iPhone X и поновите уреди).
  • Откако ќе го сопрете снимањето, вашето видео автоматски ќе се сними во апликацијата Photos.

Ако сакате да снимите нешто друго освен повиците и не ви треба звучна снимка, употребете 3D Touch на иконата Screen Recording пред да почнете да снимате, и автоматски ќе се појави икона за вклучување и исклучување на микрофонот.

За среќа, снимањето на екранот со употреба на апликацијата QuickTime и зададената функција на iOS не е ексклузивна привилегија на FaceTime. Повиците можете да ги снимате и ако користите било која друга услуга.

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.