imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како максимално да се искористи Preview на Mac


Preview на Mac е како швајцарски нож – иако изгледа како обичен прегледник на фотографии, кога ќе закопате малку подлабоко, ќе откриете ботаство на корисни функции. Знаете ли некои од тие трикови?

Preview е едноставна апликација која многу лесно може да замени цела низа самостојни алатки. Ако сте ја користеле само за прегледување PDF фајлови, време е да отидете чекор понатаму и да почнете да ја употребувате како професионалец. Еве неколку најкорисни трикови на Preview на вашиот Mac.

1. Отворете ги и претворајте ги различните формати на фајлови

Preview поддржува неверојатно многу формати. Покрај класичните JPEG, PNG, RAW, PDF и TIFF формати можете да ги гледате фајловите од апликациите Photoshop и Illustrator, како и GIF-овите од презентациите од PowerPoint. Кога ќе отворите избран фајл, можете да го претворите во било кој формат со притисок на Files > Export. Ќе се појави мени со листа на формати меѓу кои можете да го изберете саканиот. Ако не го најдете форматот што го сакате, држете го копчето Option и притиснете го менито на формати за да ги видите дополнителните или постари формати.

2. Направете повеќе промени одеднаш

Preview ви овозможува да работите со повеќе фајлови одеднаш. Тоа е посебно корисно кога, на пример, треба да ја промените големината или форматот на повеќе фајлови. Едноставно е: во Finder изберете ги саканите слики и отворете ги во прозорецот на Preview. Потоа притиснете икона на една од сликите и Command + A за да ги изберете сите фотографии. Потоа изведете ја саканата задача. За групно претворање одете на Фајлови > Извоз на избраните слики. Во скокачки прозорец изберете го копчето Опции во долниот лев агол, за да го изберете саканиот формат. Ако сакате да ја промените големината на поголем број фотографии одеднаш, одете на Алатки > Прилагоди големина. Потоа прилагодете ја големината на саканите параметри.

3. Пополнувајте формулари

Многу е лесно да се пополнуваат формулари во PDF со помош на Preview. Всушност, дури и ако PDF кој треба да го пополните не е обликуван како формулар, Preview е доволно паметен да ги препознае празните простори. Кога ќе препознае празнина, кликнете на неа и автоматски ќе се прикаже квадрат за внесување текст. Внесете што треба, а кога ќе бидете готови, подгответе го формуларот (одете на Фајлови > Извоз). Можете да го затворите тој PDF фајл и подоцна да го дополните ако треба.

4. Анотирајте, нагласете, додавајте белешки и фотографии во PDF фајловите 

Preview е добар кога е потребно да се одработат класичните задачи за уредување слики, но знае и како да анотира фотографии и PDF фајлови. Нуди мноштво опции во алатот за означување: цртање, пишување, додавање на облици, текст, зголемување и вметнување потписи. Тоа може да ви биде посебно корисно кога прегледувате скриншотови од интернет страници, да ги коментирате сликите и сакате да истакнете некој дел од текстот. Само кликнете на малата икона на алатот за означување во горниот десен агол и ќе се појават алати за пишување. Прилагодете ги боите, облиците и буквите според своите желби.

5. Извезете ги поедините фотографии во форма на GIF-ови

Ова е една од најпознатите функции на Preview – ако тоа може да се смета за функција. Како иво случајот на PDF, можете да изберете една од сликите и да ја изведете како индивидуална слика во PNG или JPEG формат. Тој едноставен трик ви овозможува да извезете поединечни сликички од GIF-ови во само неколку чекори.

6. Направете позадинските фотографии да бидат прозирни

Preview има тн. волшебно стапче, баш како Photoshop, кој ви овозможува лесно да ги отстраните деловите од сликите. Ако некоја е со воедначена боја , можете лесно да ја изберете и отстраните. За тоа да го направите, одете на алатот за означување во горниот десен агол. Кликнете на волшебното стапче, а потоа повлечете го до делот на воедначената позадина. Кога ќе ја изберете позадината, притиснете го копчето Delete, за да го остраните означениот дел. Ако форматот на документот не поддржува проѕирна позадина, Preview ќе го претвори во PNG фајл.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.