imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како перформансите на новите MacBook Pro се подобрија по ажурирањето


Apple синоќа објави поопширно ажурирање кое првенствено беше насочено кон проблемите на прегревање на новите MacBook Pro модели. Веднаш го преземав и го повторив тестирањето на двата уреда. Дали Apple успеа да го реши проблемот на фирмверот?

Штом со солза во окото го вратив 15-инчниот тестен уред со кој поминав прекрасен викенд и се вратив во канцеларијата, морав да се вратам по него, бидејќи Apple Watch ме извести за новата надградба која не смеев да ја пропуштам. Имено, се работеше за ажурирање со кое Apple го реши проблемот на новите MacBook Pro уреди. Многу брзо повторно имав 13-инчен и 15-инчен модел пред себе и почнав со споредбата.

Со оглед на тоа дека Apple тврди дека проблемот влијае на сите нови модели, одлучивме да ги надградиме двата (и натаму со основни конфигурации) и да ги побвториме тестовите на едниот и другиот уред.

Веднаш е очигледно дека не се работи за маркетиншка измама на која Apple се сетил преку ноќ, како што некои веднаш почнаа да шпекулираат. Големината на надградбата е помеѓу 1,3 и 1,5 GB, што упатува на сериозни промени во самиот систем. Како што веќе споменав при првото тестирање, овие уреди не се бавни, барем не во споредба со моделите од 2016. година. Меѓутоа, знаев дека имаат многу повеќе потенцијал.

Не успеав повторно да го добијам моделот од 2016., па ги споредував новите резултати со своите белешки од претходното тестирање. Бидејќи зборуваме за перформансите, работев со фајлови со поголема резолуција во споредба со претхиодните тестови и ги стартував со различни кодеци (ако се сеќавате, во првиот тест реков дека клучот би можел да биде токму во кодеците).

Најпрвин ги споредив резултатите со својот iMac (доцна 2014, пожешка CTO конфигурација) да видам дали има некакви промени. Очекував нешто поинаку, но перформансите во споредба со првиот тест малку се подобрија, но не значајно. Претходно двата уреда завршија во исто време во Final Cut на Apple ProRes 422 HQ. Сега новиот 15-инчен MacBook Pro беше 15 проценти побрз. Кога го ставив ладењето на максимум, се забрза за уште 10 проценти.

Иако истиот timeline од 1080 p / 24 fps во DaVinci Resolve беше 5-10% побрз и во првиот тест, сега резултатите пораснаа на 20-30%. За жал, уредот и натаму не го сака h.264 кодекот, најмногу во mp4 формат, но на крајот немаше некои позначајни разлики во резултатите. Процесот на MacBook беше на 80 проценти кога iMac ја заврши задачата.

Во претходниот текст објаснив зошто сметам дека ваквите споредби не се паметни, па и натаму стојам зад тоа – овие податоци им се корисни само на оние кои планираат да преминат од iMac на преносниот компјутер на Apple. Исто така, овие времиња на рендерирање се однесуваат на експортирањето, не на пресметките на timeline. Во тој случај, резултатите се поинакви: во Final Cut разликата е 10-20 проценти, бидејќи го употребував Apple ProRes 422 (пониска резолуција) за кодирање на timeline.

Потоа тргнав во споредба на новите модели и две години стариот 15-инчен MacBook Pro. Тука се одлучив за посилно наоружување и работев со веќе споменатите поголеми резолуции. Додадов 4K (48 fps) фајл на снимката R3D 8K (24 fps). Тоа е интересна комбинација, бидејќи пониската резолуција е спарена со двојниот fps.

Одлучив да го скокнам Final Cut и да работам со кодекот h.265, кој во принцип не е вклучен во програмата. Со помош на апликацијата Compressor ќе можете да го експортирате 8 и 10-битниот HEVC, но тоа малку ќе ве чини. Претходно не го земав во обзир тој фактор, па се извинувам ако сте имале проблкеми со тоа. Работев со истите LUT-ови и резултатите почнаа да пристигнуваат.

Во текот на тестирањето во двата случаја успеав да постигнам раст на перформансите од околу една минута. DaVinci Resolve во почетокот имаше неколку опаѓања во бројот на сликичките, но по неколку обиди овој проблем повеќе не се јавуваше, а резултатите беа отприлика еднакви. Го проверив бројот на верзијата на софтверот и се испостави дека е инсталирана нестабилна бета верзија 15.0, па тоа можеше да предизвика проблеми.

Се на се, можам да кажам дека надградбата на Apple навистина темелно ги реши проблемите. Темелниот 15-инчен модел – иако немаше лоши резултати првиот пат – сега има осетни подобрувања во перформансите. Сепак, морам да споменам дека Apple се уште има работа, треба да поработи на перформансите за резултатите да бидат поизедначени и во случајот на топ моделот да се постигнува максимална clock брзина.

Без оглед на тоа дека SSD е брз како молња, RAM меморијата е оптимизирана за најдобра работа и на двата уреда можете да работите со брзина на светлината, рендерирањето треба да биде привилегија на топ моделите на десктоп компјутерите. Како што споменав, MacBook Pro е одличен преносен компјутер со помалку компромиси. Изберете било кој од постоечките модели, и ако можете, дуплирајте ја големината на SSD, бидејќи така осетно се подобруваат перформансите во однос на моделите со 256 GB.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.