imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како поефикасно да го користите Do Not Disturb режимот


Да претпоставиме дека работите нешто многу важно и не сакате да ви пречи ѕвонењето на iPhone. Што ќе преземете? Така е, ќе ја вклучите опцијата Do Not Disturb. Но, тоа не значи дека треба да заборавите на сите повици и известувања.

Опцијата Do Not Disturb е совршено решеное за стивнување на сите дојдовни повици и известувања. Исто така, со доаѓањето на iOS 12, дојдоа и многу нови опции меѓу поставките кои во овозможуваат дополнително да го прилагодите стивнувањето.

Единствен проблем е што вашиот смартфон останува во ваква состојба, само додека е заклучен. Можете постојано да добивате известувања, но вашиот уред нема да звони, вибрира, ниту да свети. Значи, ќе видите шти се случува дури откако ќе го отклучите уредот.

Меѓутоа, ако активно го користите смартфонот, дојдовните повици и известувања ќе се прикажуваат на екранот, со вибрирање и ѕвонење. Тоа може да биде прилично напорно, посебно кога на пример пишувате подолг мејл во текот на патување. Во такви ситуации треба да се концентрирате на тоа што го пишувате, наместо постојано да ви пристигнуваат коментари на вашата последна објава на Instagram.

За среќа, сега постои опција која ви овозможува накратко да го заборавите светот и останатите да не можат да ве контактираат додека тоа не им го допуштите. За да ја пронајдете таа опција, би требало да ги прилагодите поставките на опцијата Do Not Disturb.

За да ги исфрлите сите известувања од својот живот, следете ги овие чекори:

  • Одете во Поставки.
  • Спуштете се до иконата на месецот и изберете го менито Do Not Distrurb (Забрана за пречење).
  • Изберете ја опцијата Always во секцијата Silence.

Кога ќе ја поставите оваа опција, известувањата нема да се прикажуваат ни кога го користите својот уред.

Во случај да сакате да бидете целосно осигурани, можете да бирате помеѓу неколкуте опции во секцијата Phone во менито Do Not Distrurb.

Дозволете повици од:

  • Сите – вака ќе ги стивнете само известувањата, но и натаму ќе ги примате сите повици.
  • Никој – ова пак е целосна изолација, бидејќи вашиот телефон нема да прикажува ниту еден дојдовен повик, само ќе се прикаже значка на апликацијата Phone.
  • На омилените – уредот ќе ги филтрира дојдовните повици и ќе ги проследи само од листата на омилени контакти.

Понатаму, можете да создадете различни групи во Контактите, кои подоцна можете да ги изберете во менито Do Not Distrurb, во секцијата Групи. (Најдобро е што не треба да ги додавате во Омилени контакти).

Во случај да е овозможена опцијата Повторени повици, не е важно кој ве повикува, ако повторно ви се јавува во рок од три минути по првиот повик, ќе добиете известување.

Но, најдобар трик е да ја употребите својата локација како прекинувач за активирање на опцијата Do Not Disturb. За да го направите тоа, повлечете надолу од горниот десен агол на екранот или повлечете нагоре (зависно од тоа кој модел го имате) за да го отворите Контролниот центар. Цврсто допрете ја иконата Do Not Disturb за да го примените 3D Touch/Haptic Touch, а потоа изберете ја опцијата “Until I leave this location” (Додека не ја напуштам оваа локација). Така функцијата ќе ја следи вашата локација и автоматски ќе се вклучува и исклучува, ако на пример го напуштите уредот.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.