imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како Вашиот iPhone ја избира вистинската WiFi мрежа?


iOS уредите можат автоматски да се поврзуваат со Wi-Fi мрежите, било да сте дома или некаде надвор. Но, како вашиот уред ја избира вистинската мрежа?

iOS и macOS поинаку се носат со ова. macOS секогаш ја избира мрежата која последна сте ја користеле, а ако не може да ја пронајде, продолжува да ја бара водејќи се според истата логика. Со други зборови, ако во канцеларијата имате достапно неколку мрежи на кои можете да им пристапите, компјутерот секогаш прво ќе ја избере онаа на која последна сте се поврзале.

 

Меѓутоа, iPhone и iPad уредите функционираат на поинаков начин. Кога сте низ град, вашиот уред може да се поврзе на многу различни отворени мрежи, па опцијата да ја избере онаа која последна сте ја употребувале не е оптимално решение. Мобилните уреди на Apple бираат на која мрежа автоматски ќе се поврзат врз основа на следните фактори:

Преферирана мрежа: WiFi мрежа која најчесто ја користите.

Последна приватна мрежа на која сте се поврзале: последна мрежа на која вашиот уред се споил. iOS примарно бара такви мрежи, бидејќи нашите куќни или мобилни мрежи кои функционираат како хотспоти се најчесто во иста група.

Јавни мрежи: мрежи во хотелите, кафулињата, продавниците, аеродромите и слично.

 

 

Еве еден пример: ако имате WiFi мрежа дома, а Вашиот iPhone понекогаш служи како хотспот, поврзаниот iPad ќе избере една од овие две опции. Со оглед на тоа дека уредот сигурно ја познава вашата куќна мрежа, и често ја употребува, алгоритамот на оваа опција ќе и даде предност над хотспотот на iPhone.

Ако пак не сте дома, туку во кафуле, Вашиот iPad попрво ќе го избере хотспотот на iPhone отколку јавната мрежа на кафулето. Меѓутоа, тоа можете лесно дс го промените: одете на Поставки  > WiFi и исклучете ја опцијата на автоматско поврзување. Во тој случај рачно ќе можете да ги бирате мрежите на кои сакате да се поврзете.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.