imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Кога конечно ќе биде објавен iOS 12?


Сега кога се одржа Keynote презентацијата, и натаму не знаеме многу за најновите оперативни системи. Кога конечно ќе можам да го преземам официјалниот iOS 12? Еве го одговорот!

Напредните корисници или обожаватели на Apple знаат дека не лични на компанијата да дава известувања кои се однесуваат на оперативните системи кои се најавени, но не се официјално претставени на WWDC или iPhone Keynote настаните. Годинашните нови системи кои ги споменавме се: iOS 12, macOS Mojave, watchOS 5 и tvOS 12.

Меѓутоа, многумина не се свесни за овој факт и всушност не ја разбираат причината поради која уредот не ја прикажува можноста за ажурирање. За среќа, имаме добри вести – всушност две.

  1. Apple на Keynоte официјално го најави датумот на излегување на iOS 12.
  2. Само неколку ноќи не делат од тоа.

Не сакам да ве полудам, па да ги погледнеме деталите:

iOS 12 официјално ќе биде објавен во понеделник, 17. септември.

Покрај него, ќе бидат објавени и watchOS 5 и tvOS 12 оперативните системи. За жал, на излегувањето на macOS Mojave ќе мораме да причекаме до 24. септември, но верувам дека ќе успееме да издржиме.

И покрај фактот што Apple ги најави само деновите, без точен час, според локално време системите се обично достапни по 19. часот.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.