imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Кога само би можел да бидам кул како ќелавиот emoji…


Овој емотикон е најмногу споделен, доби најмногу лајкови и најмногу пати се појави во твитовите. Дури го надмина и Woozy Face, што е големо постигнување. Пристигнуваат нови емотикони…

Благодарение на Emojipedia, знаеме кои нови емотикони биле најпопуларни на Twitter од нивното лансирање кон крајот на октомври. Зошто таа информација ви е важна? Па, ако не сакате да бидете толку демоде како корисниците кои и натаму користат „застарени“ емотикони, МОРАТЕ да ги следите трендовите!

Интересно е дека нашиот нов фаворит, тн. Woozy Face е симнат од тронот и на негово место заседна емотиконот „Woman;Bald“ 👨‍ Се чини дека ќелавоста е поголем општествен проблем од алкохолизмот. На трето место е „Smiling Face with 3 Hearts“, а на четврто е повторно едно изненадување. „Foot“. Така е, стапало. Па, тоа е секако подобра опција од оваа нога, која би можела да ја однесе титулата најбизарен емотикон на сите времиња.

Што се однесува до категоријата храна и животни, на прво место е „Mango“, но „Cupcake“ и натаму е многу популарен. Во светот на животните царуваат „Ракунот“ и „Лиама“. Значи, ако и натаму се служите со „Паунот“ и „Водениот коњ“, време е за пензија.

Во ред, доста емотикони за денеска. Адио!

Извор: Emojipedia

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.