imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Кого го привлекуваат рекламите за iPhone?


Дали некогаш сте размислувале за тоа зошто рекламите за iPhone се создадени на начин како што се? Кои се нивните главни перспективи? Зошто во тие реклами работите се случуваат на начинот на кој ги замислил Apple? Дури и ако не можеме да ви дадеме одговори на сите овие прашања, следната студија има многу интересен заклучок.

Apple стана легенда во рекламирањето и маркетиншката индустрија. Не можеме да замислиме поголем предизвик и престиж за експерт од креирање на филм за Apple. Компанијата која го почна лудилото со Super Bowl рекламата им даде на белите слушалки култен статус со iPod и ја создаде Mac vs Pc серијата реклами.

Понекогаш споделуваме нови реклами со вас бидејќи сме нивни големи обожаватели. Ако постои нешто во што Apple е навистина добар, тогаш тоа е отворањето на нашите срцеви чакри. Според анкетата која ја направи UserTesting, тоа не е само затоа што собрале многу познати и талентирани филмски продуценти. Се работи за прецизно испланиран процес.

Apple го избра својот стил, боите и атмосферата намерно за да цели на одредена генерација. Очигледно се работи за помлада генерација. Прашаа 200 корисници на Android и iOS да погледнат три различни iPhone реклами и да ги опишат своите чувства за видеата.

Првиот резултат беше дека рекламите повеќе им се допаѓале на корисниците на iPhone отколку на оние кои моментно користат Android. Вториот е тоа дека на корисниците над 55 години претерано не им се допаднала ниедна од нив, а порака најдобро продре до оние во старосната граница помеѓу 18 и 25. Уште повеќе, на помладиот сегмент на Генерацијата Z им се допаднаа сите три видеа.

Студијата исто така ги истакна боите, брзите редови и нередот како водечките аспекти. Штом овие фактори се поприсутни, младината може подобро да се идентификува со рекламата, што му помага на Apple да ја подигне лојалноста кон брендот. Истражувањето на Piper Jaffray исто така го потврдува ова. Според ниваната анкета, 84 проценти од тинејџерите во Америка мислеле дека нивниот следен уред ќе биде iPhone.

Од друга страна, однесувањето на постарата генерација е целосно поинакво. Се испостави дека возрасната возраст од 55+ всушност не му верува на Face ID. Со своите одговори јасно покажаа дека оваа технологија ги плаши и сметаат дека нивната приватност е загрозена. Тоа би можел да биде клучниот правец во развојот на биометриската идентификација во Apple.

Ова истражување исто така истакнува дека лојалноста која младите ја чувствуваат кон Apple се појавува во многу рана возраст. Тоа е очигледно, бидејќи човековиот ум е поподложен на сугестии и обликување во млада возраст, што навистина личи на Apple.

Да се присетиме на времето кога Apple го претстави Macintosh во САД и го лансираше eMac, посебно дизајниран за училиштата. Тоа беше еден од нивните најдобри маркетиншки потези, бидејќи ако учите како да користите компјутер на Mac, веројатно долгорочно гледано ќе ја преферирате токму таа платформа.

Овие исти намери би можеле да се наоѓаат зад лансирањето на новиот iPad оваа пролет, а исто така, мораме да го додадеме и тоа дека Apple овозможува многу предавања во Apple продавниците, за децата, но и за наставниците.

Извор: Apple World Today

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!