imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Кои вести го предизвикаа падот на акциите на Apple?


Вредноста на компанијата падна за околу 300 милијарди долари за само неколку недели. Некои сметаат дека зад тоа би можела да се наоѓа новата политика за известување. Може ли еден аспект да резултира со такви настани во една од најголемите компании на светот? Што би можела да биде вистината ако ја гледаме пошироката слика?

Во текот на моите студентски денови, три години работев во банка, а две години ги поминав како аналитичар, бидејќи ме привлече светот на боевите. Очигледно, тоа не значи дека сум експерт за финансиска анализа или дека целосно сфаќам како функционира финансискиот пазар. Но, можеби тоа ќе биде доволно за да ве запознаам со факторите кои би можеле да се наоѓаат зад AAPL акциите. А бидејќи зборуваме за огромна компанија, ќе бидат присутни огромни броеви, кои би можеле дури и наједноставните работи да ги направат чудни.

Пред неколку месеци ве известивме за тоа дека Apple стана прва компанија со пазарна капитализација од над 1000 милијарди долари. Пазарната капитализација, или со други зборови, вредноста на компанијата на пазарот, може да се пресмета со множење на стапката на акции со вкупниот број на акции. Во изминатите неколку недели можевме да видиме дека во однос на горната стапка, Apple падна за речиси 300 милијарди долари, во исто време кога ги претставија новите уреди. Дали е можно лошите резултати на iPhone XR да се поврзани со губитокот од 20 проценти?

Од неодамнешните настани, Хордон истакна – јас сметам дека е погрешно – дека почнувајќи од следниот финансиски квартал, екипата на Tim Cook ќе известува само за профитот на секоја група производи/услуги. Во реалниот свет, постојат многу други аспекти кои можеа да ги превртат стапките. Почнувајќи го текстот на Thomas Gilbert Christopher Hrdlick во Wall Street Journalu, во кој тврдат дека:

Apple е hedge-фонд кој исто така произведува телефони.

Тоа значи дека ќе бидете сопственик во Braeburn Capital, како и акционер во Apple. Тоа е филијала на Apple и го обработува капиталот од 244 милијарди долари. Што е отприлика 70 проценти од имотот на Apple и тоа е огромен број.

Apple управува со оваа компанија како hedge-фонд. Овој израз претходно се користеше во случаите на високоризични ситуации во кои се очекуваше голем профит. Hedge-фондовите се грижат за ексклузивните средства на богатите луѓе. Но, кога станува збор за Apple, тој ги означува основните инвеститори. А бидејќи имаме ограничен пристап до книгите на овие hedge-фондови, тоа не е позитивен израз. Оваа ситуација не е толку изненадувачка за инсајдерите во индустријата, бидејќи новинарот нагласи дека многу корпорации го прават истото. А во однос на останатите, Apple е прилично транспарентен. Се на се, кога е во прашање основното работење, тоа е навистина ризичен обид за зголемување на вредноста. Препорачувам да го прочитате нивниот текст, како и изворите.

Би можел да кажам дека ова е само паметен воведм бидејќи нема никаков учинот на стапката на акции. Стапките почаа да паѓаат на почетокот на октомври и го продолжија својот пад; вистина е дека падот е многу побрз од последниот квартален извештај, но тоа не не директно врзано со овие вести. Во реалноста, се работи за случајност на неколку аспекти.

Поплава од гласини

Навикнавме да известуваме за вести кои доаѓаат од доверливи извори, кои наведуваат дека очекуваната продажба ќе порасне или ќе се намали. Тие падови ги сметаат аналитичарите, и тоа на следниот начин:

  • Поголем снабдувач на Apple известува за лоши броеви, мора да отпушти вработени или да ги затвори погоните.
  • Бидејќи се работи за големи снабувачи, тоа би можело да значи дека Apple само ја намалил својата нарачка.
  • Ако морале да ја намалат нарачката, тоа би можело да значи дека бројот на продадени примероци е низок.

Daniel Eran Dilger има одличен текст на оваа тема – ви препорачувам да го прочитате, иако е долг и не е лесно да биде сфатен – на Apple Insider. Во тој текст го објаснува проблемот и ги наведува сите моментни снабдувачи. Добар пример на тоа можевме да видиме на почетокот на оваа пролет, кога Bloomberg го закопа iPhone X, бидејќи OLED одделот на Samsung имаше неколку отстапувања, а тие биле ексклузивни снабдувачи за јубилејните iPhone уреди. Тоа беше неуспех од епски размери, бидејќи iPhone X ги собори сите рекорди и стана приказна за успехот, додека слабите резултати на одделот се одразија на малите продажни резултати на Samsung Galaxy S9. Можеби се сеќавате дека поголем дел од аналитичарите го закопаа iPhone X, дури и многуте доверливи личности како Kuo. Подоцна се испостави дека не биле во право.

Истата приказна се повтори и оваа есен. Послабите перформанси на новите iPhone уреди се споменати во врска со лошиот финанскиски реултат на неколку снабдувачи. Тоа е убаво мислење, но со леснотија можете да кажете, тоа е шпекулација. Текстот минува низ случаите на Lumentum, Japan Display, AMS AG, Qorvo и Dialog. Навистина ми се допадна како нагласија дека ако снабдувачот е успешен, вестите се за тоа колку компании се негови клиенти, колку добро работат и за тоа дека дури и Apple ги купува своите делови од нив. Но, кога ќе дојде до некаков неуспех, категоризирани се само како “значаен снабдувач на Apple”. Гледате…

Падот се случува во целата индустрија

Ако сакате да ги споредите перформансите на Apple, би требало да ги погледнете броевите на другите членови на индустријата. Случајно побарав три компании кои би можеле да ги наречеме конкуренција и кои силно се поврзани со Apple. Да ги погледнеме нивните минати резултати:

Би требало да видите дека куќните апарати не се на врвот на пазарот. Иако секогаш се придружуваат нови, големи членови, би можеле да кажеме дека пазарот е полн. Постојат само неколку вистински иновации. И мораме да додадеме дека животниот век на уредите станува се подолг и подолг и тие можат да се користат подолго време. Тоа не е добро за пазарот, но е многу добро за Земјата. Нова цел би требало да ни бидат паметните телефони, кои можат да се користат цела деценија.

Чудесно е што Apple успеваше да расте оваа есен. По една година стагнација, Samsung и натаму е во пад. LG е во пад уште од март оваа година, а во однос на почетната стапка на акции од ₩ 114 000 (јужнокорејски won), сега се наоѓа под ₩ 72 000. Huawei се намалува од 2016., и сега е во голем пад. (Сликите се за затворените кинески берзи, така што би можел да не бидам во право).

Морате да се соочите со факти. Дури и ако дошло до огромен пад, вредноста само се спушти таму каде што беше и пред една година. Една година претходно беше некаде околу 112 долари по акција. Тоа значи 55 проценти раст во рамки на 2 години на пазарот, каде што банкарските заштеди и државното осигурување можат да носат нула интерес.

Темелна vs. Техничка анализа

За оние кои можеби не се запознаени со берзата и економијата, ова е само објаснување. Вредноста на компанијата која е присутна на пазарот (поточно нејзината капитализација на пазарот), во теорија значи износ кој акционерите сметаат дека компанијата ќе го произведе во иднина. Таа сума се создава со анализа на оние функции кои поминале низ сите достапни податоци и тоа се нарекува темелна анализа. Во идеален свет, точната вредност на акциите би била одредена и едноставно би можеле да одлучите дали сакате да купите или не.

Но, животот не е совршен, прилично е несигурен и тие основи ретко имаат значајно влијание на вредноста на акциите. Улогата на техничките аналитичари е многу поважна во ова прашање. Тука се “чаша и рачка”, таму се “глава и рамења”. И тоа нема никаква врска со iPhone уредите. Тоа се луѓе кои се фрлаат на било какви вести и пробуваат да ги преувеличаат, надевајќи сека дека ќе ги преобликуваат стапките според сопствените очекувања.

Можеби мислите дека во случаите на компаниите кои се големи како Apple или Amazon, неколку гласини или лансирање на производи нема значајно да ги променат стапките, како што прикажуваат дијаграмите. Во меѓувреме јас, во својата мала компанија, можам да донесам одлука која ќе ја зголеми очекуванат вредност за 50 проценти, а исто така може да отиде и во спротивен правец.

Во меѓувреме, во случај на џиновите со големина на Apple, дури ни лансирањето на нов производ или било каква вест, не оправдуваат скок од 50 проценти во било која насока.

Дури ни кога Tim Cook би претставил очила кои би ве фасцинирале, или би се испоставило дека сите секретарки очекуваат деца со лидерите на Apple, дури и со жените.

Поради тоа, можете да претпоставите дека шпекулациите имаа многу поголем ефект на стапките, отколку точните перформанси на компанијата или промените во нејзината вредност.

Лично, им препорачувам на сите наши читатели, текствоте за цените на акциите, снабдувачите и финансиските резултати на Apple да ги читаат онака како што ги читаат текстовите за патентите. Би можеле да бидат вистините, а би можеле да бидат и обични гласини. Како и другите страници со новитети, секогаш пробуваме да се потпреме на доверливи извори, но и ние можеме да погрешиме. Има многу врева, од очигледни причини.

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.