Прашањето со кое често се сретнуваме е: кој е мојот Apple ID? Ветераните на Apple би можеле да се насмеат на тоа, но ова прашање не е толку едноставно, како што најпрвин може да изгледа.
Во изминатите неколку години, бројот на iPhone и iPad уреди во моето семејство значително се зголеми (им благодарам на iPhone SE и поевтиниот iPad). Во исто време, бројот на прашањеата како наведеното експоненцијално растеше. Значи, прашањето е оправдано – кој е мојот Apple ID?

Пред се, мораме да ја знаеме разликата помеѓу Apple ID и iCloud сметката. Наједноставен начин на кој можете да ги разликувате е дека Apple ID е наменет за купување во App Store и iTunes Store, додека iCloud служи за онлајн услугите ккао што се Mail, iCloud Drive, Notes, Messages, FaceTime итн.
Овој чуден метод е едно од наследствата на старата MobileMe ера. Не е изненадувачки ако ве збунува, бидејќи поголем дел од корисниците имаат Apple ID со адреса на електронска пошта, која завршува со @icloud.com. Но, како можете да знете дали вашата iCloud сметка е вашиот Apple ID или не? Тоа можете да го проверите на неколку начини.

Наједноставен начин е да гo употребите вашиот iPhone или iPad. Влезете во поставките и на врвот на менито изберете ја вашата сметка. Тука можете да го пронајдете вашиот Apple ID, веднаш под вашето име. Би требало да го видите истото кога ќе ја посетите iTunes и App Store опцијата во менито на Settings. Вашиот Apple ID, исто така, можете да го пронајдете и во Messages и FaceTime.
Може да се случи да ја користите истата адреса од електронската пошта за вашата Apple ID и iCloud сметка. Тоа е најлесниот начин. Една адреса за се. Но, морате да имате на ум дека тоа не се исти сметки.