imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Која беше првата апликација што некогаш сте ја преземале?


App Store вчера го прослави својот 10-ти јубилеј. Во оваа прилика, тоа е совршено време за носталгија, па треба да проверите која беше првата апликација што некогаш сте ја преземале на Вашиот iPhone.

Во последните денови, многу статии беа напишани за сега веќе 10 години стариот App Store – Apple прослави со статистички податоци, додека други ги собраа најпопуларните апликации од последните десет години. Едноставна причина за тоа е следното: вчера, на 10 јули, App Store навистина го прослави својот 10. роденден. Нека се шири носталгија низ вашето тело во ова празнично расположение и проверете заедно со нас која беше првата апликација која некогаш сте ја преземале на Вашиот iPhone (или iPad, iPod).

За среќа, не ви треба кој знае каква меморија, бидејќи App Store ги има снимено сите овие активности во позадина (под претпоставка дека апликацијата оттогаш не била отстранета од App Store). Со цел да се провери годишната книга на апликации:

  • Отворете го App Store
  • Притиснете ја иконата на вашата сметка во горниот десен агол
  • Влезете во секцијата Purchased (тука не се појавуваат само купените)
  • Скролајте докрај
  • Сега можете да ги видите најстарите апликации што сте ги преземале со вашиот Apple ID, можете дури и да го проверите датумот на преземањето.

Која апликација најпрвин сте ја преземале? Кога? Споделете со нас во коментар.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.