imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Kолекција од 1100 компјутери на Apple би можела да пропадне


Судејќи според се, австрискиот сервисер на компјутери планира да ја фрли најголемата колекција на Macintosh на светот, ако не најде инвеститор кој би се погрижил за нив. Половина од колекцијата моментно се наоѓа во музејот на Apple во Прага.

Некои стари Mac компјутери би можеле да вредат вистинско мало богатство, посебно ако се од раниот период на Apple. Тоа најдобро го знаат колекционерите кои вложиле во такви предмети. Сепак, најголемата колекција на компјутери на Apple (вкупно 1100) всушност е во посед на господин од Австрија кој е професионален сервисен уште од 1980-те години.

Roland Borsky тврди дека работата од почеток одела добро и дека неговата работилница била многу популарна. Со годините, вели, собрал голем број компјутери, од кој дел и натаму се во негова сопственост, а дел (поточно, 472 парчиња) се дадени ан користење во музејот на Apple во Прага. Но, откако во Виена е отворен првиот Apple Store, Borsky се потешко спојува крај со крај.

Имено, Borsky тврди дека сервисирањето на новите уреди значително тежнеат кон неофицијалните партнери, бидејќи не е лесно да се дојде до оригинални делови, а на половните се чека на месеци. Поради тоа, сака да ги намали своите издатоци, а голем дел одат токму на одржување на колекцијата.

Затоа се надева дека некој би можел да ја спаси неговата колекција. Потребно е да се пронајде простор за сместување на сите тие уреди и да се отплати долг од 20 до 30.000 евра. Компјутерите сега се дел од привремена изложба во Виена, но желбата му е да им најде траен дом. Reuters дури и му се обрати на Apple, но компанијата одби да го коментира овој случај.

Извор: Reuters

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.