imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Колку Apple го чини една бизнис тајна?


Можеме ли во пари да го мериме целото знаење и интелекетуална сопственост која Apple ја поседува низ работата на своите вработени по трошењето на милиони долари? Сега Apple искуси какво е чувството кога некој бесрамно ќе ве ограби.

На оние кои имаат интерес за светот на технологијата веројатно не мораме да им ги претставиме судењата со кои Apple беше поврзан во изминатите 10 години. Правните дебати се неизбежни кога се работи за толку голема компанија. Apple едноставно не можеше да ги избегне правните проблеми, почнувајќи со данокот, расправата за патентите, па се до сомнителната бизнис активност на Qualcomm картелот. Меѓу нив е и еден од најпознатите спорови, Apple vs. Samsung, кој Apple всушност го доби.

Светот го забавуваше дебатата која двете компании го водеа околу патентите за дизајн, но Apple навистина сметаше дека Samsung го копирал нивниот дизајн. Но, по смртта на Steve Jobs, анегдотите за него стануваа се попопуларни и попопуларни. Steve се плашеше дека некој ќе ја украде нивната драгоцена идеја.

Толку се плашеше дека некој ќе го украде Purple Project 2017.07.22. (кодно име на iPhone проектот) што сметаше дека треба да скријат дури и од љубопитните очи во рамките на компанијата. Па, успеаја во тоа, што резултираше со одлично изненадување кога го претставија iPhone во 2007. година, а конкурентските компании едноставно не можеле да кажат ни збор. Како што компанијата стануваше се поуспешна, се повеќе и повеќе луѓе се интересираат за гласини и информации за Apple, а компанијата почна да презема построги мерки и да воведува прописи за тајност.

Секако, невозможно е толку голема компанија да избегне протекување на информации. Пред отприлика една година, тоа и се случи на една девојка која мислеше дека ќе биде забавно да го сними татковиот прототип на iPhone X при посетата на Apple Park. Па, по објавување на видеото, многумина го споделија, а нејзиниот татко мораше да се поздрави со својата работа и компанијата.

Тоа можеше да биде одлична промоција за телефонот кој тогаш беше непознат, бидејќи луѓето ги сакаат скандалите во иста мерка колку што го сакаат и iPhone: совршена комбинација. Наведениот настан и ситуацијата со iPad и Walt Mossberg, сепак е ист вид на штета како и случајот на човекот кој едноставно ги украде бизнис тајните од автомобилскиот проект на Apple и ги даде на стартап фирма.

Приказната е отприлика следна: Xiaolang Zhang, бивш инженер во Apple, побегна од работа на еден месец и го помина својот одмор со мајка си во Кина. Кога се врати, неговиот надзорник стана многу сомнителен, и го присилија да го врати лаптопот и телефонот кои му ги дала компанијата. Откако сфатија дека од внатрешната мрежа преземал премногу документи со чувствителни податоци, почнаа темелно да ги прегледуваат CCTV снимките од Project Titan лабораториите.

И какво ли изненадување – Zhang на својот пат го понел лаптопот полн со важни инфорамции и црн кофер. Откако Apple ги извести властите, наскоро е откриено дека содржај од багажот и документи и се дадени на компанијата Guangzhou Xiaopeng Motors Technology. И знаете што доби за сето тоа?

Само 10 години затвор и парична казна во вредност од 250.000 долари. Наводно, тој нема да може да ја плати оваа сума, барем не во оваа вселена, а затворската казна нема да го направи претерано популарен – можеме да кажеме дека правдата победи. Но, ако имаме на ум колку Apple годишно троши на истражување и развој и колку бизниси успеаја да им дадат на непознати стартап компании, можеме да го видиме овој проблем и од друг аспект.

Како што прикажуваат бројките, Apple во изминатите 10 години континуирано ја зголемуваше стапката на истражување и развој, која всушност е пропорционална со растот на приходите. Корисникот купува производ, Apple го распоредува и повторно вложува, ги надградува постоечките хардвери, повремено претставува нови додатоци и постојано размислува за иновации. Кога не би го купиле новиот iPhone, не би го купиле ниту новиот Mac и натаму би слушале музика со жичани слушалки, а Apple толку често не ги вработувал нови вработени и би го намалил опсегот на вложување.

Минатата година, потрошија речиси 12 милијарди долари на истражување и развој. Секако, тоа е само за една година, но развојот на производот може да потрае и со децении, бидејќи времето го прави совршен. Newton му претходеше на iPad, со 13 години разлика, а на Newton му претходеше долгогодишна работа, така што Apple помина околу 20-25 години, создавајќи го iPad каков што го знаеме денес.

Речиси е сигурно дека случајот е ист и со Project Titan. Дури и ако Apple не развива автомобил, туку само автономен софтвер, тоа се бази кои ги користиме секојдневно во нашите уреди и кои ќе играат важна улога во животите на луѓето. Ако таквите работи се украдени, тоа може да биде катастрофално за компанијата, посебно ако компанијата не може да докаже дека е во право. Бизнис тајните кои и се дадени на компанијата Guangzhou Xiaopeng Motors Technology се непроценливи, а по 100 години кој знае за што ќе ја користат технологијата која изворно била наменета за самовозечките автомобили.

Казната која ја доби Xiaolang Zhang, всушност нема да ја промени оваа ситуација. Иако правдата победи, некои работи не можат да бидат вратени. Затоа мораме да се соочиме со челниците кои имаат луди внатрешни прописи кои понекогаш изгледаат прилично смешно и таинствено… А зошто точно? Затоа што тоа се работи кои можат да ја заштитат компанијата, барем некое време…

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!