imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Колку меморија Ви е потребно на Вашиот iPhone?


Во денешно време кружат гласини за iPhone со 512GB меморија. Дали навистина ни е потребно толку многу меморија за складирање на податоци? Ќе ни дозволите да Ви кажеме!

Меморијата кај iPhone уредите секогаш ќе биде искра која го пали огнот кога се работи за расправа. Отсекогаш ќе има луѓе кои мислат дека тоа е помалку од доволно или прескапо, да има само неколку опции, а пак на некои може да им недостасува само слотот за меморска картичка. Сепак морам да признаам дека во минатото имаше само неколку платени опции, но кога Apple ја удвостручи меморијата со iPhone 7 на минимални 32GB се реши и овој проблем.

Тоа би требало да биде доволно – барем за мене – воглавно со поддршката за складирање на iCloud. Во средната големина на меморија, 128GB, има еднаква големина со меморијата кај основниот MacBook (тема на која може многу повеќе да се зборува), меѓутоа 256GB модел би бил сосема доволен и за 4K видео записи.

Trendforce неодамна објави неколку гласини за овогодинешните iPhone модели, кои по прв пат во историјата би можеле да бидат со 512GB на меморија. Овие вести сами по себе и не се толку многу интересни, затоа што Trendforce и не е некој извор на кој би можеле да се потпреме кога станува збор за предвидувањето на иднината. Тие немаат инсајдерски информации како што имаат Ming-Chi Kuo или Gurman. Поради тоа нивните совети немојте да ги земате здраво за готово.

Но, се поставува следното прашање: Дали на пазарот навистина може да постои потражувачка за толку голема меморија? Мое мислење е дека тоа е невозможно. Но сепак некои од Вас можеби се опседнати со големината на меморијата. Едноставно речено. Дали би купиле iPhone модел со 512GB меморија и со што би го наполниле?

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.